Македонец на Хималаите ја запознал својата сопруга, а сега со неа и со 2-годишниот син патува низ светот (фото+видео)

„Не возиме повеќе од 300km од една до друга дестинација, рекорд без синот да мрдне во кола е 900km, од Скопје до Будимпешта. Се разбира со дете од 2 години сѐ е потешко и сѐ се модифицира според него” – открива за CRNOBELO.com Драган Тапшанов кој во моментов со синот Марк и сопругата Едит со автомобил и камп приколка патува до Норвешка.

makedonec-na-himalaite-ja-zapoznal-svojata-sopruga-a-sega-so-nea-i-so-2-godishniot-sin-patuva-niz-svetot-foto-video-01.jpg

Драган Тапшанов (34) од Скопје е фотограф кој во минатото споделувал фотографии од земјите коишто ги посетил (како Камбоџа, Непал и Виетнам) и кој во моментов заедно со своето семејство патува до најсеверната точка во континентална Европа, до каде може да се стигне со автомобил, а во изјава за CRNOBELO.com говори за тоа како изгледа патувањето со две годишно дете и сподели дел од сопствените искуства.

Тој вели дека семејството не е пречка заедно со нив да го продолжи авантурите.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Dragan Tapshanov (@dragantapshanov)

Драган и неговата сопруга Едит, која по потекло е Унгарка, се запознале на Хималаите, а оттогаш заедно патуваат низ светот. Доаѓањето на новиот член во семејството, синот Мaрк, не ги спречува и понатаму да уживаат во авантурите, а за тоа сведочат и големиот број објави на нивните Инстаграм профили, направени за време на патувањата и авантурите. 

Пред еден месец тие заедно ја напуштија Македонија и заминаа на патување до највисоката и најсеверната точка во континентална Европа, 'ртот Нордкап во Норвешка.

Во првиот месец од патувањето поминале над 2.000km, а редовно споделуваат фотографии од местата што ги посетуваат и каде уживаат во планинарење, искачување карпи и возење велосипед. Качен во кенгур и малиот Марк заедно со татко му ужива во планинарењето.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Dragan Tapshanov (@dragantapshanov)

Драган открива повеќе детали за сегашното патување и низ кои земји поминале досега. 

„Со камп приколка тргнавме до највисоката точка на континетална Европа.

Пројдовме низ Србија, Унгарија, Австрија, Чешка, Полска, Германија, а утре имаме брод за Шведска.

Сме патувале многу заедно, сите континенти, лани прв пат правевме камп авантура низ Германските Алпи, но за оваа имавме доста спремање бидејки ќе трае повеќе од 5 месеци и со камп приколка е потребно повеќе логистика. Каде спиење, кои патишта, каде ќе се фати брод итн.“ – вели Драган.

makedonec-na-himalaite-ja-zapoznal-svojata-sopruga-a-sega-so-nea-i-so-2-godishniot-sin-patuva-niz-svetot-foto-video-03.jpg

Драган вели дека животот исполнет со авантури може да продолжи и откако ќе се формира семејство. Според него, само се менуваат трошоците, а сѐ друго останува исто. Тој открива кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат имајќи предвид дека патуваат со дете:

„Не возиме повеќе од 300km од една до друга дестинација, така да ОК е со возењето, рекорд без да мрдне во кола е 900km, од Скопје до Будимпешта.

Се разбира со дете од 2 години сѐ е потешко, спие сѐ уште на ручек, така да нема планинарење од утро до вечер, планот се остварува 50% и сѐ се модифицира според него. „Абе гајле ми е за тебе, за Марк ми е” – се шегува Драган.

Нашиот фотограф открива дека за време на патувањето имале проблем со дел од приколката, но го решиле брзо.

„Се надевам дека ќе се „збие на тоа”. Сепак не сум многу искусен кампер, така да сѐ е дел од школата. Откако почнав да објавувам, многу поискусни кампери ми даваат совети и сум им благодарен“ – вели тој.

makedonec-na-himalaite-ja-zapoznal-svojata-sopruga-a-sega-so-nea-i-so-2-godishniot-sin-patuva-niz-svetot-foto-video-02.jpg

Во однос на тоа кои се плановите за идните авантури Драган откри:

„После Норвешка се враќаме дома да ја одмориме приколката за зимата, а нашиот пат ќе продолжи некаде со авион.“

Погледнете повеќе фотографии и видеа од нивните патувања, како и од местата што имале можност да ги посетат:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Катерина живее на Малта: „Ја напуштивме Македонија со две мали деца, воопшто не беше лесно“ „За Малта заминавме со 2 деца, Петар (6) и Огнен Георги (1) и не можам да кажам ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg