Александра од Скопје: „Непал е земја каде луѓето си ги посетуваат роднините од претходните животи, а Непалците се скромен народ“

Успеа ли да продреш во животот на мештаните во Непал?

О да, секако! Интеракција со мештани ми е една од омилените активности на патувањата. Запознав преубави луѓе, и научив доста ствари за нивното секојдневие.

Од храна – пробав многу месни специјалитети и пијалаци, научив за нивните навики, ритуали, духовни верувања и уверувања, дознав и за разните касти и како се бираат идните сопружници, бев и на ајурведска масажа, плус имав и труење од храна 7 часа пред летот за враќање дома, па направив посета и кај ајурведски доктор, се изнакупував и разни производи од природно потекло, чаеви, сапуни, ракотворби, singing bowl, масти, итн.

Непалците се епитом за сочувство, љубезност, смиреност, помагање, прибраност, народ со висока свесност и скромност во битисувањето, и се релевантен пример како човек може да не е толку имотно обезбеден, а сепак да блеска од среќа, светлина, благодарност.

Научив многу ствари за себе, преку овие значајни познанства што ми го отворија срцето уште повеќе.

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 11

Велиш дека во Непал го имаш најдено и својот гуру, низ што сè те водеше гуруто додека престојуваше таму и отпосле кога се врати во Македонија?

Водството на Свами Басу беше ем силно и балансирано од една, ем суптилно и нежно од друга страна.

Нѐ водеше низ медитативните процеси и енергетските практики со огромна емпатија, смиреност и посветеност.

Медитиравме секој ден во 5 часот сабајле, па потоа уште 2 пати во текот на денот, вежбавме јога, имавме и длабоки разговори за патот на душата преку јасни увиди, дека смртта не е нешто од што треба да се плашиме, секој споделуваше свои искуства.

Неговата мајка ни готвеше непалски специјалитети и секој ден ни ја доближуваше нивната кујна, искусивме и ослободување од насобрани емоционални болки преку практики што тој ги избавуваше посебно над секој од нас - учесниците, за на крај да се чувствуваме лесни како пердуви.

Исто имавме и спиритуален танц, кој до ден-денес знам да го рокнам на цел глас дома и да денсам, а највпечатливо ми беше дводневното тихување, што се нарекува Випаасана, кое знае да биде опасен тригер за егото, а и благослов за исцелување од блокади што ни го инхибираат духовниот раст, што ни покажува на кој всушност степен ни е издржливоста во секој поглед.

Медитирам веќе 10 години, и никогаш нема да престанам, зашто бенефитите што ги доживувам од медитацијата се неспоредливи со ниедно земно задоволство.

Ја имав и таа среќа да одам на полудневно патување низ Катманду и посета на знаменитостите сама со Свами (другите се откажаа), на неговиот нинџа мотор што ми беше супер возбудливо и авантуристички, ме однесе да ги видам Ступите на мајмуните и Буданат во центарот, и други знаменитости и туристички атракции.

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 3

Ако некогаш си го носела само телото на патувањето, сега ја носиш и душата. По што се разликуваат патувањата од минатото и оние што се случуваат од неодамна?

Во сегашните патувања сум инволвирана како целина - преку своето физичко, ментално, духовно и емоционално тело, а и настаните зафаќаат една друга димензија и ги доживувам како уметност.

Не планирам скоро ништо претходно, се препуштам и го следам внатрешниот глас каде ме носи.

Знам и да залутам на некои места, да се изгубам, но верувам очиве го гледаат тоа што треба да го видат, и во тоа е убавината на спонтаноста.

Не се опседнувам многу да ме има на секоја слика, како што тоа беше случај порано, не губам многу време во дотерување зошто не гледам поента во тоа, кога наместо тоа, можам да уживам подолго во моментите што ми ги пружа животот.

Поскромна и попрактична сум каде-каде, и времето што порано би го искористила за шопинг, на кој ми одеше цела стипендија од факултет додека да трепнеш, сега го користам за посета на пештери, музеи, водопади, нови искуства, откривање на помалку познати но вредни за видување атракции, дружење со луѓе што ги запознавам пропратно па продолжуваме да патуваме заедно.

Не обрнувам внимание на тривијални работи, и почнав да си водам дневник за опишување на искуства, соништа, чуда што ми се даваат на патот.

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 4

Секоја нова дестинација носи и нови пријателства. Кои се највпечатливите личности што ги имаш запознаено?

На пирамидите во Високо, Босна и Херцеговина, ја имав таа среќа да ја запознаам мојата духовна Мастерка Тереза Ко од Виетнам, на која се огледувам како целина од Човек, и која ми е голема инспирација.

Чувствувам огромна благодарност за иницијацијата и енергетските трансфери што ги добивам од неа, и за сите искуства, научени лекции и клучот за отворање на Ерусалим-от во мене – моето срце.

Потоа, во Непал запознав уште еден гуру, Свами Басу, од чиј ритрит бев дел, кој со енергетски третман од еден час ми ја исцели седечката коска која ја имав скршено од пад на лизгалки неколку месеци претходно, и од кој научивме со групата дека човекот е како една куќа, од надвор ја гледаш само фасадата, а тек кога ќе влезеш внатре го гледаш домот и ја дознаваш убавината и богатството што тој дом го крие.

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 9

Во Непал исто така запознав и една моја сродна душа (со која од претходниот живот се имаме договорено да се сретнеме и во овој, тоа го дознав пред 2 месеца), мојата учителка по јога, Sанука, со која кликнавме уште при првата средба на ритритот, и до ден денес комуницираме, и здравје одам да ја посетам повторно следната година.

Бев и нејзина гостинка, и двете се чувствувавме како да се познаваме цел живот, ѝ готвев македонски јадења, она мене непалски, го опремивме нејзиното јога место, имавме длабоки разговори како две стари души, и мнооооогу се смеевме...

Во Истанбул запознав еден хаф’з, кој со својот јасен увид продре во најдлабокото од мојата душа, и само ми докажа колку човечкиот потенцијал е бесконечен...

На летот за накај Торонто, запознав еден 85-годишен дедо, кој седеше до мене, чии приказни беа толку смешни и интересни што цел авион ечеше од мојата смеа. Секогаш ќе ми остане во сеќавање неговиот млад дух.

Во Киев, на сатсанг, го запознав и американскиот спиритуален гуру Рам Sи.

На патувањата исто имам видено од далеку и луѓе кои ги почитувам, како Андре Риу на концерт во Загреб, Владимир Кличко на бокс меч со Ентони Џошуа во Дизелдорф, и баш тогаш изгуби, а толку бев возбудена, Луис Хамилтон на прославата за победата на Мерцедес во F1 во Штутгарт, итн...

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 8

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg