„Најчесто не се забележува дека детето планира напад“ - Македонскиот психолог Бојана Стојменовиќ за настаните во Србија

„Следам што се случува во светски рамки каде само во последните десетина години се многу чести овие видови на насилство во училиштата. Заедничко кај овие деца е дека се тоа најчесто мирни, тивки и повлечени, примерни ученици. Честа е приказната за меѓуврсничко насилство кое трае подолг период и пред кое се замижало од страна на училиштето. За жал не постојат знаци што ќе укажат дека ученикот планира напад, затоа што емотивната болка не е видлива“ – вели во изјава за CRNOBELO.com психологот Бојана Стојменовиќ.

najchesto-ne-se-zabelezhuva-deka-deteto-planira-napad-makedonskiot-psihologot-bojana-stojmenovikj-za-nastanite-vo-srbija-01_copy.jpg

Постојат ли знаци што може да укажат дека некое дете планира наскоро да преземе радикални чекори како што тоа неодамна се случи во Србија?

Колку модерниот начин на живот влијае врз промените во начинот на однесување на децата?

Ова се некои од прашањата на кои за CRNOBELO.com, одговори психологот Бојана Стојменовиќ, основач на проектот „Мој психолог“.

najchesto-ne-se-zabelezhuva-deka-deteto-planira-napad-makedonskiot-psihologot-bojana-stojmenovikj-za-nastanite-vo-srbija-02.jpg

Психологот Бојана Стојменовиќ има долгогодишно искуство во работата со деца и тинејџери, а на македонската јавност ѝ е најпозната како основач на проектот „Мој психолог“.

По немилиот и трагичен настан што се случи во Србија во средата (03.05), кога седмооделенец пукаше со пиштол и усмрти осум соученици во основното училиште „Владислав Рибникар“, со Бојана разговаравме на неколку прашања поврзани со детската психологија.

„Вчера прочитав еден статус кој гласеше: „Настанот во Белград е крик по загубени вредности“. Не можам да престанам да мислам на овие неколку зборови затоа што имаат голема вистина во нив и генерално се мојот став во однос на настанот.

Многу неубави настани се случуваат и кај нас и во соседството и секој од нив е своевиден аларм дека некаде потфрливме како општество и дека потребно е да се изготват национални стратегии во однос на превенција и заштита на менталното здравје на децата и адолесцентите, вклучително со едукација и на родителите и просветните работници“ – вели таа.

najchesto-ne-se-zabelezhuva-deka-deteto-planira-napad-makedonskiot-psihologot-bojana-stojmenovikj-za-nastanite-vo-srbija-03.jpg

Ја прашавме Бојана за тоа што смета дека треба да направат родителите за да разговараат со своите деца и да им укажат на децата дека насилството не е решение.

Според неа, на децата им се потребни алтернативи и смета дека нема потреба да се фокусираме само на насилството како проблем.

„Секојдневно работам со млади и адолесценти и она коешто гледам е дека децата немаат капацитети за решавање конфликти, на пример, емоционалната интелигенција не е на завидно ниво или пак не се стимулира, основните животни вештини не им се пренесени или пак немаат доволно адекватни извори каде би ги научиле.

Сметам дека ако се фокусираме само на насилството, а не ги зацврстиме другите потенцијали и капацитети, само ќе почнеме да вртиме во круг и решението ќе ни биде подалеку.

Во текот на моето студирање имав прекрасен изборен предмет кој се викаше „Ненасилна трансформација на конфликти“ од кој научивме многу работи, па се прашувам зошто некоја таква слична опција не е присутна и во образовниот систем во основното и средното образование“ - предлага Бојана.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...

Најчитани неделава