„Најчесто не се забележува дека детето планира напад“ - Македонскиот психолог Бојана Стојменовиќ за настаните во Србија

najchesto-ne-se-zabelezhuva-deka-deteto-planira-napad-makedonskiot-psihologot-bojana-stojmenovikj-za-nastanite-vo-srbija-04.jpg

Во минатото честопати бевме сведоци на ученици коишто ги напаѓаа своите соученици во училиштата низ светот, а сега истото се случи и кај нас во соседството.

Бојана се обиде да ни даде стручен одговор на прашањето дали постојат одредени знаци и промени во психолошкото однесување кај децата и адолесцентите што може да укажат на тоа дека ситуацијата е алармантна и родителите треба веднаш да реагираат.

„Јас во пракса сум немала такво искуство, но следам што се случува во светски рамки каде само во последните десетина години се многу чести овие видови на насилство во училиштата.

Она што е заедничко кај овие деца е дека се тоа најчесто мирни, тивки и повлечени, често примерни ученици. Честа е приказната за меѓуврсничко насилство кое трае подолг период и пред кое се замижало од страна на училиштето.

Знам дека сега родителите сакаат да прочитаат некаде знаци кои ќе укажат, но такво нешто според мене не постои, затоа што, за жал, емотивната болка не е видлива.

Топла препорака за родителите е да градат уште од најмала возраст на детето, отворен однос и топла релација, да обезбедат сигурен простор помеѓу нив, каде што детето ќе се чувствува заштитено и ќе може да сподели сѐ.

Здравата релација почнува уште од првиот ден на животот на детето и може да делува превентивно од повеќе аспекти од менталното здравје на детето“ - нагласува Бојана.

najchesto-ne-se-zabelezhuva-deka-deteto-planira-napad-makedonskiot-psihologot-bojana-stojmenovikj-za-nastanite-vo-srbija-06.jpg

Во коментарите на социјалните медиуми за настаните што се случија, чести се обвинувањата за модерниот начин на живот, односот на родителите со децата, но и воопшто на образовните системи во целост.

Според Бојана, клучен проблем за промените во однесувањето на децата од последните неколку години е достапноста на информации и тоа што присутноста на децата не е лимитирана на најголемиот број социјални медиуми или платформи.

„Моментално не постои медиум или платформа каде што присутноста на децата е лимитирана. На моите профили на социјалните мрежи се случува често да ми пишат во порака деца кои се и помали од 10 години.

И сега тука се поставува големото прашање: Знаат ли родителите какви информации допираат до нивните деца?

Потоа можеме да се надоврземе и од аспект на другите медиуми како што се филмот и музиката. Краткиот одговор е: да, начинот на живот влијае, но влијае и големата достапност на информации.

Кога јас растев, филмовите кои беа со насилна содржина се прикажуваа само доцна навечер и тоа строго ми беше забрането од моите родители. Ако споредам сега, тоа е лесно достапно во било кој дел од денот на било која платформа.

Многу работи се променети, а очигледно не бевме доволно будни за да ги насетиме последиците кои ќе дојдат со нив.

Времето не можеме да го вратиме назад и не можеме да го сопреме технолошкиот развој. Но можеме да креираме свесност, разбирање и едукација – и за децата и за родителите“ – порачува Бојана.

najchesto-ne-se-zabelezhuva-deka-deteto-planira-napad-makedonskiot-psihologot-bojana-stojmenovikj-za-nastanite-vo-srbija-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...

Најчитани неделава