Актерот Крис Петровски од Битола гради кариера во Холивуд: Снима со светски ѕвезди, а не може без македонска храна

Околу Нова година 2022/23 снимаше филм во Будимпешта, а улогата на твојот татко требаше да ја игра Алек Болдвин. Но, брзо пред снимањето друг актер ја презеде улогата. Се разочара ли што нема да снимаш со Алек? И како беше да се работи на блокбастер, со голема продукција, иако неколкупати се пожали дека ти е многу студено?

Убавото што зборувам со тебе на македонски е што можам искрено да кажам какво искуство беше тоа, а притоа нема да се впуштам во неволја ха, ха, ха.

Беше мизерно. Сè поврзано со тоа беше мизерно. Времето, продукцијата, главниот актер кој ги третираше сите како инфериорни во однос на него. Тој дури еднаш опцул еден актер затоа што не му се допаѓала неговата идеја за тоа како треба да се одвива сцената.

Огромно его. Се чинеше дека никој не сака да биде таму, а сите актери се чувствуваа исклучени.

Згора на тоа, храната во Унгарија е ужасна, но можеби јас сум само разгален со македонска храна без која не можам.

Инаку, мислам дека Алек Болдвин ќе беше одличен избор за улогата. Штета што се ослободија од него пред снимањето. Знам дека тоа имаше врска со неговите тужби. Инвеститорите се плашеа дека нема да им се вратат вложените пари.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-13.jpg

Неодамна го заврши снимањето на неколку епизоди од серијата NCIS, која е една од најдолгите ТВ серии во САД, а брзо потоа имаше улога и во серијата FBI. За какви улоги станува збор?

Во NCIS имав улога на човек што работи за шеф на руската мафија, на високо ниво во неговата организација, кој сака да правам некои многу страшни работи во затвор. Тоа е забавниот дел од улогата.

Во серијата FBI глумам агент кој е на тајна задача и треба ги открие лошите момци, но истовремено сум и побожен муслиман чии религиозни верувања му пречат во работа. Е, тука глумам со американски акцент.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-21_copy.jpg

Во тоа време објави фотографија дека глумиш заедно со Вилмер Валдерама, популарниот Фез од That ’70s Show, која предизвика интересни реакции кај твоите пријатели. Како беше да се работи со него?

Вилмер е навистина прекрасен човек. Семеен, многу сладок. Всушност, и двајцата имаме двегодишни деца и затоа поголемиот дел од времето го поминувавме зборувајќи за нив.

Тој еден ден ги донесе сопругата и детето на сетот и ме запозна со нив. Тој е навистина прекрасно човечко битие.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-19_copy.jpg

Освен со глума, се занимаваш и со бокс. Многу тренираш, но и држиш часови. Како ти оди тоа?

Да, работам и како личен тренер и боксерски тренер. Кратко време се натпреварував во бокс додека живеев во Њујорк, меѓу 2017 и 2019 година.

Но, очигледно актерската кариера ми беше поважна бидејќи со сопругата се преселивме во Лос Анџелес.

Тогаш знаев дека ми треба некаква активност, а мојата страст да тренирам други е она што ме мотивираше да почнам сопствен бизнис како тренер. Имам околу 15-20 клиенти секој месец.

Тоа е чувство што многу ме исполнува и ми овозможува да креирам сопствен распоред кога ќе се појави актерска работа.

Да работам за некој друг би било невозможно бидејќи знам дека веднаш ќе добијам отказ ако морам да заминам на неколку месеци поради снимање.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-07.jpg

Имаш млад син, Матео. Па, како успеваш со сè – актерска кариера, татковство, држење тренинзи?

Тоа е искрено многу тешко – да се обидам да балансирам со мојата кариера како актер, со семејството, животот и бизнисот со толку многу клиенти.

Но, знам дека тоа е цената што морам да ја платам за да ги следам моите соништа. Секогаш се трудам да функционира сè. Понекогаш посакувам да имам редовна работа само за да немам толкав притисок.

Но, тоа што имам син ми даде нова енергија и се трудам повеќе. Сакам тој да го има најдоброто.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-08.jpg

Повеќе фотографии од Крис Петровски на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Нина Спасовска (11) танцува како да лебди: „Со првото соло освоив 1-во место, во еден ден настапив 3... „Сум имала незгодни ситуации со костимите, да го згазнам или да повлечам некој д...
Теодора Мицеска (17), пејачка: „Се трудам македонската изворна музика да не се пее само во Македониј... „Негативни коментари ќе има секогаш, колку и да си одличен, колку и да имаш квал...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Вики Чадиковска за стилот и убавината: „Се будам во 5 часот со цеден лимон и вода, се откажав од сла... „Тања Кокев го изработи фустанот за еден важен семеен настан и буквално ја прене...
Актерот Сашо Ристовски има рајско дворче во село Теово: „Го уредувам заедно со родителите, си одглед... „За да изгледа вака како денес, зад нас е децениска посветеност во уредувањето. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg