Марина Стојановска, некогашен ПР менаџер: „Фановите најбурно реагираа на Врчак, Панчо од ДНК е најголем професионалец на сцената“

Од Врчак, Андреј и Панчо ДНК, Влатко Лозаноски, Тамара Тодевска, Адријан Гаџа, Некст Тајм, Димитар Андоновски - скоро и да нема музичар кому Марина Стојановска не му работела ПР. За убавите времиња и дружењата на естрадата раскажува во интервју за CRNOBELO.com.

marina-stojanovska-pr-25.jpg

Марина Стојановска од Скопје долги години беше најпознатиот ПР менаџер на македонската естрада. Девојката која се грижеше за кариерите и медиумското претставување на повеќето наши ѕвезди, повеќе од 10 години не се занимава со естраден ПР во Македонија, но и покрај тоа, многу музичари ја бараат и денес.

Таа со многу емоции се сеќава на времињата кога се формираше една од првите приватни продукции кај нас „Продукција Република“, се сеќава на дружењето со музичарите на нивните настапи, на фестивалите и на убавите времиња кога секојдневно се промовираше нова македонска песна.

marina-stojanovska-pr-21_copy.jpg

Од Врчак, Андреј и Панчо ДНК, Влатко Лозаноски до Тамара Тодевска, Адријан Гаџа, Некст Тајм, Димитар Андоновски - скоро и да нема музичар со кого не соработувала.

marina-stojanovska-pr-14_copy.jpg

За животот како ПР менаџер на македонските ѕвезди, како и музичарите кои се и денес популарни, Марина Стојановска се присети во разговор за CRNOBELO.com:

Луѓето од естрадата и денес те препознаваат како најнасмеаниот и најпозитивниот ПР менаџер, кој успешно се справуваше со сите барања на музичарите... Како влезе во целата ПР приказна?

Во ПР приказната влегов благодарение на Андреј од ДНК со кого работев во некогашната К-15 телевизија.

Па, кога се формираше „Продукција Република“ во 2009 година, тој ме повика да бидам дел од менаџерскиот тим и да го водам ПР-от за ексклузивците.

Меѓу нив беа токму основачите на продукцијата, Врчак и ДНК, а потоа се приклучија Лозано, Роберт Билбилов, Тамара  Тодевска, Адријан Гаџа, Димитар Андоновски, Магдалена Цветкоска - Ена, Оливера Ѓоргоска, Орхидеја Дукова, Дарко Илиевски и многу други.

Со текот на годините, соработував и со други музичари на нивни проекти, на пример за промоција на песна, музички спот, албум, настап на интернационален фестивал, а две години бев и ПР на фестивалите „Макфест“ и „Охридско лето“, со што само се зголемуваше бројот на успешни соработки.

marina-stojanovska-pr-03.jpg

Кои се некои од најубавите спомени кои ги носиш и денес од тоа време?

Летата кога целата продукција се стационираше во Охрид и функциониравме како едно големо семејство, ми се едни од најдрагите спомени од времето на „Продукција Република“.

Имаше многу, многу смеење, многу патувања на нивни настапи и запознавање нови луѓе од светот на тогашниот шоу-бизнис во Македонија.

Среќна сум што благодарение на тоа време и на „Република“ создадов многу нови пријателства, со музичари и новинари кои ќе траат до крајот на животот.

marina-stojanovska-pr-04.jpg

Кој беше најпопуларен од вашите ексклузивци, според тоа како реагираа на него или на неа обожавателите?

Во сеќавање ми се моментите како обожавателите реагираа на Врчак и ДНК, потоа на Роберт, Адријан, Тамара, Лозано...

Сепак, во тоа време тие веќе ѝ беа познати на јавноста, а другите ексклузивци беа нови музички лица кои го наоѓаа своето место на македонската музичка сцена, па еуфоријата по нив беше помала.

marina-stojanovska-pr-02_copy.jpg

Се сеќаваш ли на некоја случка од настап, промоција, кога си шетала по улица со некој од нив, а која и денес ти буди насмевка?

Постојано имаше некои интересни случки на нивни настапи.

Се сеќавам на еден настап на Врчак и ДНК во Охрид кога не можевме да влеземе во клубот од публиката која чекаше ред.

Jас морав да ја молам публиката што чекаше да се помести, за да поминат музичарите и нивниот концерт да почне на време. 

Неколкупати се има случено и некој од нив да го заборави текстот на својата сопствена песна, па да ми читаат од усни за да се потсетат кој беше следен стих.

marina-stojanovska-pr-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...

Најчитани неделава