Марина Стојановска, некогашен ПР менаџер: „Фановите најбурно реагираа на Врчак, Панчо од ДНК е најголем професионалец на сцената“

Веќе долги години не си дел од естрадата... Ти недостига ли некогаш, одењето по промоции, на настани, дружењето?

Животот ме однесе надвор од државата и во сосема други професионални води, така што работата со естрадата сега е само дел од моето минато работно искуство на кое сум особено горда.

Како поддржувач на македонската музичка сцена тоа што ми недостига е што почесто да слушам квалитетна македонска музика на радио; ми недостига да пуштам ТВ и да погледнам македонско музичко видео; ми недостига изборот на музички емисии.

marina-stojanovska-pr-16.jpg

А како некој кој порано бил дел од тој свет, ми недостига преслушувањето песни од албумите кои се снимаа, кои јавноста сѐ уште не ги слушнала, а јас веќе ги знам напамет, дружењето на фестивалите за кое ми кажуваат дека веќе го нема.

Најмногу ми недостига работата на концертите затоа што тие се одраз на успехот на еден артист, а со тоа и мој успех.

marina-stojanovska-pr-05.jpg

Те бараат ли и денес музичари да им водиш ПР?

Да, повремено добивам понуди кои, за жал, ги одбивам затоа што веќе 10 години не сум дел од тој свет.

А и голем број од моите поранешни соработници веќе не се дел од оваа индустрија.

Колегите кои во моментот работат ПР на естрадата се навистина успешни во тоа и топло им ги препорачувам.

marina-stojanovska-pr-20_copy.jpg

Се дружиш ли приватно денес со некој од музичарите со кои работевте? Како изгледаат тие ваши средби?

Секако. Имам нераскинливи пријателски врски со многу од нив, па без оглед колку време се немаме видено или слушнато, нашите средби се проследени со многу гушкање, евоцирање спомени, и меѓусебна поддршка за буквално сѐ во животот.  

Повеќе фотографии:

marina-stojanovska-pr-15.jpg

marina-stojanovska-pr-13.jpg

marina-stojanovska-pr-22.jpg

marina-stojanovska-pr-102.jpg

marina-stojanovska-pr-02_1.jpg

marina-stojanovska-pr-03_1.jpg

marina-stojanovska-pr-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...

Најчитани неделава