Леонид Вандевски, атлетичар: „Пред натпревар избегнувам користење на социјалните мрежи, а дисциплината е неразделен дел од атлетиката“

Неуспесите се неразделен ден од нашето постење. Каков остануваш мотивиран по такви моменти?

Неуспехот е дел од животот и е нешто што сите мора да го прифатиме бидејќи најголемите лекции се учат кога човек нема да успее во нешто.

Според мене, неуспехот треба да се гледа само како еден вид на препрека којашто треба да ја надминеш со цел да станеш подобар.

И е многу подобро да доживееш неуспех од којшто ќе научиш нешто, отколку да доживееш успех и единственото нешто што си го добил е поголемо его.

leonid vandevski atleticar pred sekoj natrevar gledam da sum podaleku od socijalnite mrezi a disciplinata e nerazdelen del od atletikata 7

Кои атлетичари, а и тренери ти биле добар пример за да станеш она што си сега?

Па најголема заслуга за сето ова што го имам остварено и што допрва заедно ќе го остваруваме има мојот тренер Димитар Петровски.

Без него јас не би бил овде па и воопшто не би се занимавал со атлетика, бидејќи имаше одреден период каде што престанав да тренирам и тој беше оној којшто ме убеди да се вратам.

А од страна на атлетичари би биле нашите најдобри македонски атлетичари на средни и долги патеки Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски.

leonid vandevski atleticar pred sekoj natrevar gledam da sum podaleku od socijalnite mrezi a disciplinata e nerazdelen del od atletikata 1

Што значи да се биде атлетичар? Како ти го обликуваш својот идентитет?

Ќе бидам краток и ќе кажам само дека атлетиката е нешто што сакам да го правам и не нешто во коешто го ставам цел мој идентитет.

А да се биде атлетичар значи дека мора да бидеш дисциплиниран, да работиш напорно, да бидеш посветен, да си поставуваш цели коишто сакаш да ги оствариш, да сакаш цело време да се подобруваш, да си спремен да жртвуваш доста работи во животот, коишто и не се жртва бидејќи го правиш она што сакаш во животот.

Каков совет би им дал на младите спортисти кои штотуку го започнуваат своето патување во атлетиката?

Би сакал да почнам со тоа што би ве советувал да најдете работи во коишто сте добри и сакате да ги правите надвор од атлетиката.

Стекнете добри навики коишто можат да ви помогнат побрзо да ги остварите работите коишто сакате да ги остварите во атлетиката, бидејќи иднината не можеме да ја смениме, но можеме да ги смениме нашите навики коишто и тоа како можат да ни ја сменат нашата иднина.

Исто така, тренерот игра голема улога во тоа колку ќе бидете успешни во овој спорт, така што - внимавајте во изборот на вашите тренери, работете напорно и верувајте во себе.

leonid vandevski atleticar pred sekoj natrevar gledam da sum podaleku od socijalnite mrezi a disciplinata e nerazdelen del od atletikata 3

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...

Најчитани неделава