Вања Головски, најдобар бармен во Македонија: „Скопје е пример за добра забава, бармените одат во странство за повеќе пари“

Постои ли место во градов или во Македонија каде што ти сакаш да отидеш за да испиеш добар коктел?

Во Скопје има доста добри коктели. Можеш да одиш во бар ако не го знаеш барменот.

Кога го знаеш, веќе одиш кај него, не во барот. Кога ќе стигнеш кај него - негов си! Тој знае како да „извози“, дури и кога не му е денот.

Често знам да отидам кај Цон во К.К., до кај Даци и синот на нов твист, кај Васил кога ќе излезе од канцеларија, до кај професорот Чукши да те обвие со магија и да ти покаже зошто ја работиш работава, до златото Теа - на креации преполни со божествена енергија, кај бувовите Зоки и Аце да видам што ги држи будни итн.

Ова е тесен круг на колеги „со резиденција“ и можам да сметам на нив и да знам дека ќе ги најдам на место.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-08.jpg

Ти се додворуваат ли (пијани) девојки на шанк?

Ова е традиционално општество со примеси на западни културни вредности, така што сè се случува, но секогаш во умерени и контролирани услови.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-05.jpg

Дали навистина бармените мора да бидат и добри психолози - колку често луѓето ти се исповедаат додека пијат?

Исповеста кај нас не е од тежок психолошки карактер.

Тоа исповедање е повеќе холивудски мит. Кај нас се исповедаат на хумористичен начин и секогаш со доста подбивање, така што повеќе се тие наши психолози, отколку ние нивни.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-16.jpg

Најинтересната приказна што некој ти ја раскажал на шанк?

Долга приказна, но во кратки црти - два краја на светот, се среќаваат на шанк и откриваат дека имаат исти уникатни тетоважи. Притоа и значењето на тетоважите им е исто.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-11.JPG

Најбрз начин да се „испијаниш“ е комбинација од кои коктели или кој алкохол?

Текила.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-03.jpg

Препознатлив си по одличниот моден стил – кои се твои 3 модни правила?

Полаксан сум:

- Слушај други што добро изгледаат.

- Биди комотен.

- Не претерувај.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-07_copy.jpg

Со оглед на тоа што си дел од градската шема, благодарение на професијата, колку сметаш дека во Македонија има добар ноќен живот?

Градска шема... како претставник на истата, да ви кажам дека барем Скопје, е и тоа како пример за добра забава.

Централизираноста на забавата, дебармаалските улички и началниците за добра музика се скапоцен камен на нашиов ноќен живот.

Ако не се согласувате, оставете го автомобилот дома, земете такси и шетајте од бар во бар со кул екипа што разбира музика, па и оставете фрекфенциите да ве земат.

Почнете во „Радио бар“, тркнете до „Кино Карпош“, „Мака“, завршете во „Три“, па продолжете во „Станица 26“ или „12-12“ и безброј други комбинации.

Разбудете се попладне и одете на кафе за да ги соберете впечатоците.

Планирајте го излегувањето врз основа на територијата.

Излегувањето е приказна на која секој е свој режисер. Не копирајте - дизајнирајте ја својата вечер. Бидете активни, размрдајте се.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-14.jpg

Во која земја бармените се најценети? И дали се бармените добро платени во Македонија, може ли да се живее од оваа професија?

Професијата бармен во светот е многу ценета. Ова е една од професиите кои секогаш се во дефицит бидејќи индустријата константно е во пораст.

Затоа е најчест примерот на наши бармени кои заминуваат во странство во потрага по повеќе пари.

Притоа сме сведоци на златната ера на бармените. Коктелите се сè повеќе избор на гостите. Во самиот врв на професијата е доста профитабилно, бидејки е „ненаселено“.

Оној персонал кој ќе „заврши“ работа не е доволен, потребен е персонал кој ќе создаде работа со пропратни елементи на високо домаќинско однесување.

Сепак е забавен бизнис, не смее да сме намуртени, гостите треба да се релаксирани и треба да се одговори на нивната потреба, да се задоволи апетитот за забава.

Заработката и висината на платата зависи од вработените. Можат да се изборат за повисока плата, но треба истата и да ја оправдаат. Судот се гостите.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-18.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Богдан Глишиќ



Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
Паша од Тајланд ја посети Македонија: „Бев на свадба кај најдобрата другарка Македонка, восхитена су...  „Македонците навистина ги почитуваат и им помагаат на постарите луѓе. Тоа ...
Чичко Живо (92) веќе 7 децении живее во Бразил, неговата ќерка е горда на македонските корени: „Тргн... „Сакавме да одиме во Америка, ама не успеавме и завршивме во Бразил“ - вели за C...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg