Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, кај ќерката го откривме на 9 години“

Како децата се справуваат со состојбата? Дали лесно прифатија дека ќе мора да прават редовни контроли и се придржуваат ли до препораките од лекарите?

Децата тешко ја прифатија состојбата дека ќе мораат повеќепати на ден да се боцкаат, навремено да земаат храна или ужина во одредено време.

Да се снаоѓаат во околината и училиштата и да бидат прифатени од нивните врсници и од наставниците, но сепак да се придржуваат до препораките дадени од лекарите.

irena-i-igor-markovski-imaat-dve-deca-so-dijabetes-dijabetot-sekogash-so-sebe-nosi-drugi-bolesti-na-kjerka-mi-i-beshe-otkrien-na-9-godini-05.jpg

Дали станува збор за наследна состојба? Има ли некој друг во семејството со дијабетес?

Кај децата дијабетесот не е наследен, туку автоимуно заболување и со неколку испитувања надвор од државата потврдено е дека не е наследна болест т.е автоимунозаболување.

На што е она што како мајка најмногу внимавате кога станува збор за здравствената состојба на вашите деца?

Најмногу што внимаваме како родители е на тоа нивните гликемии да не отидат превисоко, но исто така и не смеат да паднат премногу ниско (хипо), зошто и во двата случаеви носат последици.

Колку дијабетесот влијае врз квалитетот на живот? Постои ли нешто што вашите деца сакаат, но не можат да го прават заради состојбата?

Секако дека дијабетесот влијае врз квалитетот на животот.

Децата се ограничени со  секаков вид на спортски активности и храна, и секако заради здравствената состојба сме со страв да ги пуштиме на екскурзии, спортски манифестации и др.

irena-i-igor-markovski-imaat-dve-deca-so-dijabetes-dijabetot-sekogash-so-sebe-nosi-drugi-bolesti-na-kjerka-mi-i-beshe-otkrien-na-9-godini-04.jpg

Што би им порачале на родителите што се соочуваат со оваа и слични состојби на нивните деца?

Сакам на да им препорачам на сите родители што се соочуваат со ова и слична состојба, дека треба да се прават контроли на децата и ние да им бидеме најголема подршка.

Секогаш да бидат јаки, одговорни и да не се предаваат лесно на состојбата, зошто дијабетесот не е болест, туку состојба.

irena-i-igor-markovski-imaat-dve-deca-so-dijabetes-dijabetot-sekogash-so-sebe-nosi-drugi-bolesti-na-kjerka-mi-i-beshe-otkrien-na-9-godini-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...

Најчитани неделава