Македонка која живее во Израел: „На патот кон аеродромот се молев да не нѐ погоди некоја ракета, со две мали деца стравот е огромен“

„Кога започнаа ракетните напади, се сокривме во безбедна соба во нашата зграда. Во 4 часот по полноќ се упативме кон аеродромот. Најлоши сценарија ми се вртеа во главата – како ќе реагираат децата на бучавата од сирените, што ако полетаме и нѐ погоди некоја ракета...“ – раскажува Ивана од Скопје која со семејството нешто повеќе од една година живее во Израел. Во моментов се на безбедно, успешно вратени во Скопје. За CRNOBELO.com Ивана споделува како го доживеале почетокот на конфликтот и како успеале да се евакуираат.

makedonka-koja-zhivee-vo-izrael-na-patot-kon-aerodromot-se-molev-da-ne-n-pogodi-nekoja-raketa-dodeka-letame-situacijata-e-navistina-zagrizhuvachka-01.jpg

„Од август минатата година сме во Ришон Лизон. Оддалечен 8km од Тел Авив. Пред да стигнеме во Израел имало немири со нивните соседи, но ситуацијата беше сосем нормална, сите функционираат, нема никакви знаци за несигурност и небезбедност. Во мaj годинава исто имаше немири кои траеја 5 дена, со испукување ракети и вклучување сирени, но брзо склучија примирје.

Луѓето таму се навикнати на ситуацијата и на конфликтот, некако за мене чудно, но тие 5 дена никој не осети голема загриженост - училиштата работеа, луѓето одеа на работа, се шетаа низ паркови, се возеа автомобили, но се почитуваа мерките на претпазливост, како да се реагира кога има сирени кои известуваат дека во одреден дел на градот има напади.

После тоа се вративме во Скопје цело лето, и ситуацијата таму беше добра. Во август, без никакво сомнение дека ќе се повторат или влошат односите, се вративме и, еве, по извесно време се случи нешто коешто како кажуваат оттаму, не било досега. Ситуацијата е навистина загрижувачка“.

Како ги дочекавте нападите, што беше прво што помисливте кога слушнавте дека има воени дејствија?

Веќе некако навикнати сме и целосно веруваме на системот Iron dome (одбранбениот воздушен систем на Израел), не бевме толку загрижени, дури и децата полесно ги прифатија сирените овој пат, бидејќи еднаш ги доживеавме. Телевизија не гледавме бидејќи не ни е совладан јазикот, но тие неколку профили од Инстаграм кои ги следев што објавуваа слики и видеа, создаде паника, и само чекавме излез.

Тие 24 часа беа стресни и будно ги следевме случувањата, ракетните напади наутро беа многу чести, сирените свиреа се криевме во save rooms кои ги има во секоја зграда и чекавме да поминат.

Како што кажав веќе, повеќе нѐ загрижуваше влезот на терористите во државата, премногу киднапирани млади лица, малтретирани повозрасни луѓе, тепање, силување, излегување на улиците со пушки, влегување во становите и киднапирање мајки со мали деца и сите однесени во нивни скривалишта во Газа.

Тоа беше кошмар, среќа во нашиот град беше многу помирно. Сметаме дека израелската војска нема да дозволи терористите да навлезат во централниот дел на Израел, но секако стравот од непознато беше голем, посебно со две мали деца.

Соседот доби повик да се приклучи во војската и додека бевме во неговата заштитена соба, ја видовме униформата која ја подготвуваше да ја носи и да се бори за својата држава. Секако, не планиравме да излегуваме, апелираа да останеме дома.

Каде сте во моментов? Како изгледаше процесот на евакуација од Израел?

Вечерта околу 19 часот се јавија од управата каде сопругот работи и ни рекоа ќе се обидат да најдат карти за да си одиме доколку аеродромот не е затворен, а тогаш напади имаше во делот каде се наоѓаше аеродромот. Потоа се јавија и нè посоветуваа да одиме утрото, да почекаме да се смири ситуацијата.

Во истиот момент се радував што ќе си одиме, но повеќе се плашев, најлоши сценарија ми се вртеа во глава - како ќе отидеме кога сме во војна, кога над глава летаат ракети, како ќе се чувствуваат децата, да не им се создаде некоја траума кога ќе засвири таа бучна сирена на отворено, што ако полетаме и нѐ погоди некоја ракета?

Колку и да имаат контрола над сѐ, после тие видеа и слики мојата помисла беше постојано дека по патот ќе нѐ пресретнат терористи, иако е само 15 минути со автомобил до аеродромот.

Среќа, ноќта во нашиот дел беше мирна, терористи имаше само во јужниот дел.

Во 4 часот по полноќ се упативме кон аеродромот. Немаше гужва по пат, стигнавме брзо, внатре имаше доста народ, но од бучавата не се слушаа ни пукотниците кои ги спречува железната купола, ниту, пак, сирени имаше. Успешно стигнавме во Турција.

По неколку часа чекање, вчера слетавме и во Скопје.

Иако сме спасени, мислите ни се таму, случувањата ги следиме, се молиме да се среди ситуацијата, не сакам да помислувам на полошо. Се надевам на најдобро и најбрзо смирување на ситуацијата.

Од амбасадата веднаш нѐ исконтактираа за состојбата и доколку треба што било да им се обратиме.

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

E. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплоту... „Во Црквата во Дортмунд доаѓаат голем број Македонци и тоа особено за големите п...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg