Михаела Арсовска, дефектолог: „Резултати од третманите со деца се забележуваат и по еден месец“

„Резултатите од третманите со деца некогаш се забележуваат многу брзо, и само еден месец работа прави разлика“ – вели Михаела Арсовска (24), специјален едукатор и рехабилитатор (дефектолог) за CRNOBELO.com.

mihaela-arsovska-defektolog-rezultati-od-tretmanite-so-deca-se-zabelezhuvaat-i-po-eden-mesec-01.jpg

Михаела Арсовска е сопственик и дефектолог во Центарот за едукација и рехабилитација „Сложувалка плус“.

Зошто одлучи да студираш специјална едукација и рехабилитација? Што опфаќа твојата работа?

Соработката со деца отсекогаш ми одела одлично, па во мене се разви и огромна желба професионално да се бавам со истото, а оваа навистина хумана професија мислам дека е создадена за мене.

Дефектолог е специјален едукатор и рехабилитатор кој се занимава со едукација и рехабилитација на деца кои се сретнуваат со некакви тешкотии во текот на развојот.

mihaela-arsovska-defektolog-rezultati-od-tretmanite-so-deca-se-zabelezhuvaat-i-po-eden-mesec-02.jpg

Работиш со деца со попреченост... Со каков тип на попреченост се најчесто тие?

Спектарот на попреченост е најразличен во оваа професија - се среќаваме можеби најчесто со деца од аутистичен спектар, но и деца со моторни тешкотии, деца со задоцнет развој, комбинирани пречки, специфични тешкотии како и деца со оштетен слух или вид.

Кога е правилно време родителите да се обратат на дефектолог?

Јас би ги посоветувала родителите штом забележат некакви отстапки кај своето дете веднаш да се обратат кај дефектолог, а притоа да се сигурни дека нивното дете е оставено во вистински раце односно дека специјалниот едукатор и рехабилитаторот на детето е дипломиран или сертифициран за својата работа и правилно, свесно и одговорно ја врши истата.

mihaela-arsovska-defektolog-rezultati-od-tretmanite-so-deca-se-zabelezhuvaat-i-po-eden-mesec-01_1.jpg

Тешко ли е да се смири едно вознемирено детенце?

Децата честопати може да бидат вознемирени поради различни причини со кои се сретнале во текот на денот и секако првичната цел е да го смириме детето пред да почнеме со едукација и рехабилитација, а секое дете е различно па затоа и секое дете се смирува на различен начин.

Kолку пати неделно е потребно детето да доаѓа на третман, иако е индивидуално, во просек, после колку време може да се забележат првите резултати?

Третманот кој што јас го работам е индивидуално со секое дете во времетраење од 45 минути, во текот на третманот го работам она во кое што детето има потешкотии.

Детето доаѓа на третман во зависност од неговите потребни обично два или трипати неделно во договор со родителите, а резултатите некогаш се забележуваат навистина брзо, можеби само по еден месец третман.

mihaela-arsovska-defektolog-rezultati-od-tretmanite-so-deca-se-zabelezhuvaat-i-po-eden-mesec-03.jpg

Колку е голем „стравот“ кај нас, што децата со аутизам отфрлени од околината? Кој, според тебе, треба да ја разбие стигмата за да бидат прифатени од околината, да имаат другарчиња?

Сите ние (дефектолози, психолози, педагози, родители..) се трудиме заеднички да ги поттикнеме децата да другаруваат сите заедно без разлика дали некое од нив се среќава со некаква атипичност, но сепак прифаќањето и другарувањето потекнува од воспитувањето во домашни услови бидејќи родителите се коренот на однесувањето на децата.

Би можело да ве интересира:

Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, ка... „Дијабетесот не е болест туку состојба. Кај синот првите симптоми што нѐ насочиј...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg