Антонио Ѓорѓиев, јутјубер: „Криптовалутите се иднината, може да се заработи, но потребна е добра едукација“

Редовно објавуваш видеа – од каде наоѓаш информации, како планираш нова содржина?

Видеата се секојдневните истражувања кои ги правам за себе, затоа што постојано инвестирам во оваа технологија и капитална сфера, преточени во едукативна содржина за нашата заедница Македонци.

Моите познавања од финансиите и правото кои ги изострив додека работев како стручен соработник во Адвокатско друштво за две од најголемите банки во Македонија, ги користам за развивање на мој сопствен бизнис овде на Малта во кој јадрото е токму инвестирањето во блокчејн технологијата, „мајнинг“ и node активностите.

Каналот не е исклучиво за блокчејн, обработуваме и многу глобални економски и гео-политички појави како би имале целосна слика дали и кога е добро да се инвестира во оваа крипто сфера која има огромен потенцијал за финансиски профит.

Заедницата помага постојано во мојата работа со достава на информации до мене преку разните профили на социјалните мрежи кои јас потоа, заедно со моите истражувања, ги преточувам во едукативни видеа од различен карактер.

Резултат е најголемиот канал за крипто фундаментална и техничка анализа од едукативен карактер во Македонија кој е заслуга на повеќе членови на Крипто Гемиџија заедницата…

Овде нормално морам да се заблагодарам на сите оние кои постојано несебично учествуваат во достава на овие клучни информации во правилно време, со цел каналот да има што повеќе материјал и ефект за сите кои ја следат мојата содржина.

antonio-gorgiev-veleshkiot-kripto-gemidzija-kripto-valutite-se-idninata-no-potrebna-e-dobra-edukacija-za-profitno-trguvanje-13.jpg

Дали има заинтересираност за криптовалути во Македонија?

За жал, заинтересираноста за криптовалутите и блокчејн технологијата во Македонија секогаш доаѓа во погрешно време од повеќе причини.

Најчесто доаѓа на крај на секој Bull маркет (кога медиумите ќе почнат да зборуваат за неверојатните висини на цените на криптовалутите) што предизвикува големи разочарувања на оние кои инвестирале предоцна и изгубиле поради падот на цените на криптовалутите, кој е сосема нормален во овој дел од економскиот циклус.

И второ, во последните 2 Bull маркети скоро и да не постоеше едукација во Македонија (историски, во Македонија информациите и едукацијата доаѓаат последни за жал) за оваа енормно потенцијална технологија и капитална сфера за инвестирање – а најчесто ова е пропратено и со многу негативни актери кои имаат за цел да излажат или измамат потенцијални инвеститори.

После кажаното, мојата напорна работа е со цел ова да биде променето за претстојниот Bull маркет во 2024-2025 година и конечно и Македонците да имаат соодветна едукација и шанса да учествуваат во овие тектонски глобални промени на технологија и инвестирање.

antonio-gorgiev-veleshkiot-kripto-gemidzija-kripto-valutite-se-idninata-no-potrebna-e-dobra-edukacija-za-profitno-trguvanje-07.jpg

Велат дека тие што почнале да тргуваат со криптовалути, брзо се збогатиле? Колку е тоа вистина?

Секој кој ќе го каже ова, не знае ама буквално ништо за инвестирање во криптовалути. Оние 0.000001% примери каде одредени лица поради среќни околности инвестирале во некоја криптовалута, која поради Х причини имала голем подем на цената, се можеби најлошиот дел во целиот крипто свет. Зошто? Затоа што оваа сфера го менува целиот свет.

Технологијата која е основа на која се изградени криптовалутите е матичната технологија врз која моментално се гради следниот степен на еволутивен развој во повеќе глобални сфери, односно:

- CBDC или дигитални валути на централните банки се само приватни блокчејн проекти кои се директно поседувани од одредена држава

- NFT технологијата, која е матична блокчејн технологија, моментално прави фундаментални промени во развојот на дигитално зачувување на секаков тип токенизирана сопственост – недвижност, хартии од вредност итн...

- Блокчејн технологијата е клучна за следниот степен на развој на прекугранични плаќања кои веќе се применуваат на овој начин – блокчејн не познава граници, држави и законодавства

- Metaverse дигиталните светови кои постојат денес се изградени на блокчејн технологија

- Блокчејн се користи сè повеќе за онлајн зачувување на информации од траен карактер за секаков виде архиви – државни и приватни

- Уште многу примени кои сè повеќе се појавуваат на секојдневно ниво кое многупати не сме ни свесни дека е применето околу нас

После кажаното, инвестирање во оваа технологија не е само поради финансиски профит, туку е инвестирање и во инфраструктурата на иднината на човештвото. Во оваа капитална сфера има многу профит, но истиот доаѓа кога луѓето кои инвестираат ќе поминат доволно време во самоедукација за економски циклуси, блокчејн технологијата и проектите кои се дел од неа, а тоа бара долг временски период – нешто што за жал многу Македонци немаат интерес и време да го направат.

antonio-gorgiev-veleshkiot-kripto-gemidzija-kripto-valutite-se-idninata-no-potrebna-e-dobra-edukacija-za-profitno-trguvanje-02_copy.jpg

Колкав е ризикот од тргување со криптовалути?

Од погоре кажаното, доколку се едуцирате соодветно за оваа технологија, како и за економскиот карактер на истата, ризикот од инвестирање во претходните 3 биткоин циклуси (12-годишен период) се покажа како скоро непостоечки.

Дополнително, инвестирање во крипто сферата, на пример во биткоин, надминува каква било друга инвестиција во која било друга капитална сфера во светот (хартии од вредност, обврзници, ресурси итн.) за неколку илјада пати…

Дополнително, само биткоин има точно определени алгоритмичко-економски четиригодишни циклуси, кои досега во 3 наврати се покажале како константна вредност (не постои причина зошто овој тренд не би продолжил) – нешто што е несвојствено за која било друга капитална категорија.

Која моментално е најмоќната криптовалута?

Нормално, како што на целиот свет му е веќе познато, биткоин е првата, најдецентрализираната, најсигурната и најголемата по инвестирани средства криптовалута во светот. Во животниот тек на биткоин од повеќе од 14 години, веќе се развиени втора и трета генерација криптовалути со посовршена блокчејн технологија кои се шампиони во сопствени категории.

Но, доколку треба да се одбере една како најмоќна, биткоин сè уште е непобедлив во крипто светот.

antonio-gorgiev-veleshkiot-kripto-gemidzija-kripto-valutite-se-idninata-no-potrebna-e-dobra-edukacija-za-profitno-trguvanje-08.jpg

Што е разликата меѓу биткоин и алткоин?

Во инвеститорскиот финансиски свет – биткоин се смета за основната блокчејн технологија и прв играч на пазарот во оваа сфера.

Иако сите криптовалути имаат инхерентно иста технологија во своето јадро, биткоин по количината на инвестирани средства и како прва ваква технологија се смета за такаречена посебна категорија во самата блокчејн сфера, додека сите останати криптовалути се сметаат за таканаречени алткоини.

Дополнително, постојат многу други поделби во однос на тоа каква блокчејн технологија постои во овие проекти, како Proof of Work или Proof of Stake, како и фактот дали овие проекти поседуваат сопствен блокчејн (наречени коини) или се изградени на веќе постоечки блокчејн (наречени токени) – но за тоа повеќе кога ќе ја посетите едукативната содржина на мојот канал.

antonio-gorgiev-veleshkiot-kripto-gemidzija-kripto-valutite-se-idninata-no-potrebna-e-dobra-edukacija-za-profitno-trguvanje-18.jpg

Дали сметаш дека иднината е во криптовалутите?

Мислам дека од претходниот дел од интервјуто е повеќе од јасно – моето мислење е дека криптовалутите се веќе докажано следниот еволутивен развој на повеќе клучни сфери во светот – финансии, статистика, лична идентификација, сопственост, образование, онлајн меморија и архивирање...

antonio-gorgiev-veleshkiot-kripto-gemidzija-kripto-valutite-se-idninata-no-potrebna-e-dobra-edukacija-za-profitno-trguvanje-11.jpg

За оние кои се лаици на оваа тема, мало објаснување на темата криптовалути?

Доколку треба во кратки црти да ја објаснам оваа футуристичка сфера која веќе прави тектонски поместувања во целиот свет, иако ние сè уште не сме свесни за тоа, би ми била потребна пишана материја барем колку големината на томовите на „Војна и мир“.

Кратки црти за оваа технологија не постојат и би ви препорачал да се едуцирате што поскоро затоа што крипто технологијата е веќе овде и не чека никого.

Доколку не се едуцирате, се доведувате во ризик големите корпорации и држави да бидат оние кои ќе ве едуцираат – што е најголемата грешка која можете да ја направите.

Блокчејн технологијата и нејзиниот немутирачки (immutable) карактер за првпат во историјата даваат шанса на секојдневниот човек да поседува нешто што не може да биде одземено, конфискувано, контролирано или забрането, што дава вистинска финансиска независност и стабилност на секој кој ги поседува правите крипто валути, почнувајќи со биткоин.

Како што кажувам на мојот канал – Следните гемиџии нема да се борат за Македонија со оружје, туку со сопствена финансиска независност, критичко размислување и огромно познавање на економската наука (нешто што до скоро беше резервирано за богатите елити) која ќе ни даде моќ да направиме многу повеќе за нашата Македонија и македонскиот народ.

antonio-gorgiev-veleshkiot-kripto-gemidzija-kripto-valutite-se-idninata-no-potrebna-e-dobra-edukacija-za-profitno-trguvanje-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Паша од Тајланд ја посети Македонија: „Бев на свадба кај најдобрата другарка Македонка, восхитена су...  „Македонците навистина ги почитуваат и им помагаат на постарите луѓе. Тоа ...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Натали, археолог од Франција: „Македонците се многу гостопримливи, помалите градови ми се поубави од...   „Македонците генерално се со отворен ум и секогаш пријателски настроени, ...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg