Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“

Дали се чувствуваше добредојдено и безбедно?

Па, според моето досегашно искуство, Македонија е една од земјите во кои јас навистина се чувствував добредојдено.

olga-od-francija-vo-skopje-se-cuvstvuvam-dobredojdeno-a-makedonskiot-narode-e-najdobar-05.jpg

Ми кажа дека имаш пријателка од Македонија. Како ти ги оценуваш македонските пријатели?

Па, самиот факт дека дојдов на свадба во Скопје и следната година пак се вратив да си ја посетам поранешната колешка и нејзиното семејство, потврдува дека Македонците се најдобар народ.

Беше гостинка на македонска свадба, како ти се допаднаа церемонијата и македонските танци и обичаи?

Сè ми се допадна, почнувајќи од церемонијата до храната, но пред сè ми се допадна атмосферата и фактот што сите, дури и децата, играа традиционални танци, а со тоа ја почитуваат културата и традицијата.

Едноставно, прекрасно.

olga-od-francija-vo-skopje-se-cuvstvuvam-dobredojdeno-a-makedonskiot-narode-e-najdobar-02.jpg

Што е слично, а што различно меѓу Русите и Македонците?

Долго време не живеам во Русија и скоро никогаш не се чувствував како Русинка, но, можам да кажам дека Македонците имаат поевропско однесување, многу се отворени и пријателски расположени.

Јазиците се многу слични, и одлично е што можам да формирам фрази на македонски јазик од старословенски.

olga-od-francija-vo-skopje-se-cuvstvuvam-dobredojdeno-a-makedonskiot-narode-e-najdobar-12.jpg

Нешто или некое место кои навистина те воодушеви во Македонија?

Горно Нерези! И мачките на мајката на мојата пријателка.

olga-od-francija-vo-skopje-se-cuvstvuvam-dobredojdeno-a-makedonskiot-narode-e-najdobar-10.jpg

Дали имаш пробано да зготвиш нешто од македонската кујна?

Додека бев во Скопје, учев да готвам со мајката на мојата пријателка, иако не можам да се сетам на точното име на јадењето, но беше превкусно.

Дома, во Париз, за мојот сопруг и пријателите подготвив шопска салата и навистина им се допадна.

Знам дека го учиш македонскиот јазик, како напредуваш?

Па, многу е полесно да се научи јазик додека си во таа држава, но засега е добро, немам некои тешкотии бидејќи сепак е старословенски јазик.

Би сакала да имам повеќе време да се посветам на граматиката.

olga-od-francija-vo-skopje-se-cuvstvuvam-dobredojdeno-a-makedonskiot-narode-e-najdobar-11.jpg

Дали си имала некоја непријатна ситуација за време на твоите посети на Скопје?

Не! Навистина уживав во градот!

olga-od-francija-vo-skopje-se-cuvstvuvam-dobredojdeno-a-makedonskiot-narode-e-najdobar-14.jpg

Според тебе, што Македонија има да понуди за да биде атрактивна дестинација за интернационални туристи?

Би рекла дека Македонија мора да биде повидлива на панорамата на меѓународниот туризам. Европејците сега се обидуваат да откријат нови земји, а Балканот е една од новите „фантастични“ дестинации, па Македонија треба да вложи напор во рекламирањето.

Природата, византиската уметност, добра и евтина храна, музеи, традиции, овој „ориентален допир“ со турската чаршија, постојат многу работи.

Но многумина ја одбегнуваат Македонија сметајќи ја небезбедна, но јас лично сметам дека е многу безбедна, и тоа мора да биде промовирано за туристите.

И на крај летови, нема многу директни летови од познати европски градови, па патувањето може да е комплицирано и тоа е нешто што мора да се поправи итно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: Приватна архива

 



Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Розета од Скопје, мајка на Атанасиа (2): „Ќерка ми се роди со криви стапала, ѝ беа гипсирани до преп... „Атанасиа се роди со криви стапала, доби дијагноза Еквиноварус Талипес на д...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“ „Готвам македонски јадења барем трипати неделно, постојано пробувам нови рецепти...
Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...

Најчитани неделава