Александар Ристоски, актер: „Љубовните сцени се најтешки за снимање, еднаш се добива можност да се глуми лик како Рацин“

„Серијата 'Црвениот поет' е снимена во 2016 и не беше емитувана 7 години, па јас, а верувам и сите што учествуваа во проектот, изгубија верба. Можноста да се игра еден од најголемите македонски поети и револуционери, се добива само еднаш“, вели македонскиот актер Александар Ристоски, кој го глумеше Кочо Рацин.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-01.jpg

Актерот Александар Ристоски со својата глума одлично го долови ликот на еден од најистакнатите македонски поети, Кочо Рацин, во серијата „Црвениот поет“.

Мини-серијата која е снимена во 2016-та година, конечно беше прикажана на телевизија, а Александар воодушеви со својата глума и јавноста остана заинтригирана од тоа кој е младиот актер кој потполно се внесе во улогата на Рацин.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-09.jpg

Овој 29-годишен скопјанец веќе 11 години живее во Белград, каде што заврши филмска академија и ја гради својата актерска кариера. Многумина, пак, го паметат и по ликот на Сарош од филмот/серијата „Нечиста крв“.

Во интервју за CRNOBELO.com Ристоски зборува за себе, кариерата, серијата „Црвениот поет“, а откри и со кого би сакал да сними љубовна сцена:

Кога на почетокот на јануари 2024 почна да се прикажува серијата „Црвениот поет“, во која го глумиш ликот на Кочо Рацин, многумина рекоа дека ова е еден од најдобрите филмски проекти кај нас во последниве години. Те радуваат ли ваквите реакции од публиката?

Морам  да кажам дека сум изненаден од реакциите и вниманието што го доби серијата и не можам да скријам дека ми е мило поради тоа.

Серијата е снимена во 2016-та, но не беше емитувана 7 години и јас, а верувам и сите што учествуваа во овој проект, изгубија верба дека некогаш ќе се емитува. Но, еве, и тоа се случи.

И, се разбира, можноста да се игра еден од најголемите македонски поети и револуционери се добива само еднаш.

Морам да им се заблагодарам на Никола Поповски, Владимир Анастасов, Сашко Насев за довербата, но и на останатите актери и на целата филмска екипа која учествуваше во овој проект.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-04.jpg

Дали успеа да ја гледаш серијата на телевизија, имајќи предвид дека живееш и работиш во Србија? Како ти се чини денес, бидејќи е снимена пред скоро 8 години?

За жал, немав како да ја гледам, но ја имам гледано пред 7 години кога постпродукцијата беше завршена.

Замерки за целокупниот проект немам, но како што секој глумец за себе секогаш може да најде некоја мана, така и јас. Претпоставувам дека е тоа нормално и здраво, инаку никогаш не би напредувале.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-07.jpg

Неодамна те гледавме на телевизија и во серијата „Нечиста крв“, која имаше голем успех во регионот. Што ти се случуваше на професионален план од таа улога до денес?

По „Нечиста крв“ почнаа да се отвораат и други проекти, и филмски и телевизиски, а меѓу нив „Бранилац“, „Радио Милева“, „Авионџије“, „Заштита пре свега“...

А што се однесува до театарските проекти, јас веќе 6 години сум вработен во Сомборскиот народен театар, па можам да кажам дека сум во добра театарска кондиција.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-03.jpg

Како ја доби улогата на Сарош во „Нечиста крв“?

За улогата во „Нечиста крв“ беше организиран голем кастинг кој траеше скоро еден месец.

Почна со читање на текстот, преку разговор со режисерот, а на крајот имавме и пробни снимања сè додека конечно не се одлучија кои глумци ќе бидат дел од кастингот.

Јас имав среќа да бидам еден од избраните.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-14.jpg

Дали се тешки аудициите во Србија, дали си под стрес?

Во оваа професија стресот некако се подразбира, а ти мораш да научиш како да се соочуваш и носиш со тоа.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александар Цветковски: „Со сопругата се боревме со неплодност, имавме и мртвороденче, но сега сме бл... „Јас правев буквално сè за да го преболиме мртвороденчето по второто ИВФ и сега ...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg