Марко Митев, ракометар: „Кире Лазаров секогаш ме советува да не се плашам од противникот, колку и да е голем“

„Борбеноста, храброста и пробивноста во мојата игра веројатно доаѓаат заедно со желбата за победа. Кога се игра против голема репрезентација постои трема, но не до толку да го смени начинот на мојата игра. Поголема трема имам кога играм во репрезентативниот дрес, тука одговорноста пред нацијата е огромна“, вели ракометарот на „Алкалоид“, Марко Митев.

marko-mitev-rakometar-kire-lazarov-sekogash-me-sovetuva-da-ne-se-plasham-od-protivnikot-kolku-i-da-e-golem-01_copy.jpg

Ракометарот Марко Митев има само 20 години, но по настапот на Европското првенство 2024 во Германија, во него многумина го видоа новиот предводник на македонската репрезентација.

Марко на сите натпревари покажа борбеност и желба за победа и во ниеден миг не потклекна пред противникот, иако Македонија играше и против Франција, која го освои првенството.

Марко, освен во репрезентацијата, игра во РК „Алкалоид“, каде што негов тренер е Кире Лазаров.

marko-mitev-rakometar-kire-lazarov-sekogash-me-sovetuva-da-ne-se-plasham-od-protivnikot-kolku-i-da-e-golem-03.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com, младиот ракометар ни раскажа за својата професионална кариера, предизвиците, а ни откри и мал дел од приватниот живот:

Репрезентацијата го заврши настапот на ЕП, ама впечатокот е дека веќе имаме играчи кои се сегашноста или иднината на тимот, а меѓу неколкумината си и ти... Колку си задоволен од себе и тоа што го покажа? Ги среди ли малку впечатоците?

Навистина ме радува фактот дека полека, но сигурно, веќе се формира еден постабилен и посигурен национален тим кој и во иднина ќе се надградува и усовршува. Ова ЕП беше особено значајно од аспект што Македонија својот настап го имаше со подмладен и изменет тим.

Сметам дека покажавме дека знаеме да бидеме борбени и пожртвувани во моменти кога е најпотребно. Радоста која ни ја донесе на сите победата над Швајцарија го потврдува тоа.

Лично, од мојот настап сум задоволен, но повторно ќе напомнам дека тимската работа, меѓусебната поддршка и помагањето се одлика на оваа Македонија.

marko-mitev-rakometar-kire-lazarov-sekogash-me-sovetuva-da-ne-se-plasham-od-protivnikot-kolku-i-da-e-golem-10.jpg

Ти не се плашиш да нападнеш, пробиеш, шутираш дури и од „невозможни“ ситуации. Од каде овој борбен дух? Дали отсекогаш си бил таков?

Овој стил на игра го имам уште откога почнав да играм ракомет.

А борбеноста, храброста и пробивноста веројатно доаѓаат заедно со желбата за победа. Сакам да победувам.

marko-mitev-rakometar-kire-lazarov-sekogash-me-sovetuva-da-ne-se-plasham-od-protivnikot-kolku-i-da-e-golem-09.jpg

Постои ли трема кога играш против некои големи репрезентации и тимови?

Трема секако дека постои, но не до тој степен да го смени начинот на мојата игра. Нормално дека поголема трема чувствувам кога играм во репрезентативниот дрес, сепак тука одговорноста пред нацијата е огромна.

Но, забележувам дека како што се зголемува бројот на моите настапи со репрезентацијата, така се намалува тремата.

marko-mitev-rakometar-kire-lazarov-sekogash-me-sovetuva-da-ne-se-plasham-od-protivnikot-kolku-i-da-e-golem-07.jpg

Колку ти ја крева самодовербата работата со Кире Лазаров, и во клубот и во репрезентацијата?

Кире Лазаров е најголемото име во македонскиот ракомет, за тоа зборуваат неговите постигнувања и признанија во ракометот во европски, па и светски рамки.

Како спортист, тој бил и ќе остане идол на многу млади спортисти.

Неговиот став кон победите, неговиот начин и пристапот кон ракометот и тренинзите, насоките и советите што ги добивам од него, имаат големо влијание врз зголемувањето на мојата самодоверба како играч.

marko-mitev-rakometar-kire-lazarov-sekogash-me-sovetuva-da-ne-se-plasham-od-protivnikot-kolku-i-da-e-golem-11_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg