„Најчесто алергиите кај децата се манифестираат како атописки дерматит“: Д-р Татјана Б. Вучковиќ, педијатар - пулмоалерголог

„Загадениот воздух придонесува за поизразени или потешки клинички симптоми при алергија кај децата, поради тоа што се предизвикува воспаление на респираторната слузница. И чад од цигари има исто влијание и строго забрането е пушење во присуство на деца“ – вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ, педијатар пулмоалерголог.

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-01.jpg

Доктор Баевска Вучковиќ во моментов работи како матичен педијатар во ПЗУ Поликлиника Биотек Скопје. Со неа поразговаравме најмногу за алергии и алергиски реакции, справување со истите, разликата помеѓу алергија и интолеранција, дали секогаш мора да се прави крвна слика кога детето е болно.

Во продолжение интервјуто со д-р Татјана Баевска Вучковиќ:

Раскажете ни нешто повеќе за вас – од каде љубовта кон педијатријата, зошто токму пулмологија, што најмногу ве исполнува во вашата работа?

Како личност со веќе стекнати животни искуства, не верувам во случајности, се сѐ случува со причина... Во контекст на тоа, во 1991 година кога ги започнав студиите на Медицински Факултет во Скопје бев прва генерација на 6-годишни студии кои во последниот семестар вклучуваше пракса на примарно ниво, општа медицина, педијатрија и гинекологија.

Во тек на таа пракса, како и стажот кој го имавме пред полагање на стручен испит, ги поминував во Поликлиника Идадија - попознато како Млин Балкан.

Во тој период од сите турнуси, најмногу внимание и интерес ми предизвика Детскиот диспанзер кој имаше два оддели - превентива и куратива, каде секојдневно доаѓаа деца на преглед со своите родители или баби и дедовци.

Највпечатливо за мене беше кога ќе дојдеше новородено бебенце на првиот преглед за следење на раст и развој и кога од тој момент педијатарот станува нераскинлива алка за целото семејство, кој го расте тоа мало бебе од неколку килограми во дете и, низ годините, во возрасна личност.

Тогаш, на мои 25 години, знаев дека јас ќе бидам педијатар, ќе растам и ќе развивам дечиња и навистина тоа и ме следи во моите 25 години работно искуство од кои 17 години како педијатар.

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-05.jpg

Изборот на супспецијализација педијатриска пулмологија и алергологија се должи пред сè на најчеста патологија кај децата, алергиите се на високо 3-то место на светско ниво и предизвик ми е секојдневно со соодветни прегледи и иследувања да докажувам алергии со кои се живее.

Многу е важна и едукацијата на родителот, да научи како детето треба да живее со алергиите кога тоа истото ќе стане возрасен.

Децата се нашата иднина и влогот во нив е непроценлив за да станат здрави индивидуи.

Малите пациенти кои биле деца на почеток од мојата кариера, сега се родители, па тие со своите деца сега се кај нивната докторка и тоа е нешто што навистина ми претставува задоволство што заедно растеме едни со други низ годините...

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-01_1.jpg

Дали може да се каже дека сè уште постојат сезонски алергии или некако се чини како во текот на целата година да се појавуваат алергиски реакции и кај деца и возрасни? Колку загадениот воздух предизвикува алергии во нашата земја?

Алергиските заболувања предизвикани од инхалаторни алергени се поделени на сезонски и целогодишни. Во сезонски се смета период февруари-јуни и септември-ноември.

Алергени за сезонските алергии се рано цветачки дрвја како бука, бреза, лешник, на кои се надоврзува трева, доцно цветачки дрвја како липа, багрем и есенските како амброзија, коров, плевел, а рж-полен го има во целиот период од пролет до доцна есен.

Во однос на целогодишни алергени, тука спаѓаат домашна прашина, домашни миленици како куче и маче, мувла. Согласно докажана алергија на овие причинители корелираат и симптомите според сезоната.  

Кога се докажува присуство на алергија со инхалаторни алергени тие се непроменливи, остануваат во тек на целиот живот.

Загадениот воздух придонесува за поизразени или потешки клинички симптоми, поради тоа што се предизвикува воспаление – инфламација на респираторната слузница.

Секако, и чад од цигари има исто влијание и строго забрането е пушење во присуство на деца.

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-02.jpg

Кои се најчестите алергии кои се јавуваат кај децата во последниве години? Колку се важни генетските предиспозиции за истите?

Атопија - алергиско заболување е генетска предиспозиција за создавање на антиген специфични ИгЕ антитела и претставува комплексна состојба којашто е резултат на итерреакција на гените и фактори од средината.

Алергените од животната средина може да бидат од надворешна средина – интермитетна (времена) и од внатрешна средина – континуирано (целогодишна) изложеност. 

Кај децата, во првите 5 години доминираат нутритивни алергени – алергени од храна, кои пак главно се манифестираат со респираторни симптоми и појава на атописки дерматит.

Кај децата често се случува да се намали концентрацијата на антитела кон одреден алерген – храна, дури и подоцна во детството да се изгуби.

Многу поретко се присутни симптоми од гастроинтестинален тракт. По 5-тата година кај децата почнуваат да се поприсутни алергии од инхалаторни алергени и тие кога ќе се докажат, остануваат за цел живот.

Согласно возраста и зреењето на имунитетот, кај децата се препорачува на 2 години да се повторуваат тестовите.

Кои се првите симптоми кои се јавуваат при алергиски реакции?

„Атописки марш” е израз кој се користи за почеток на манифестација на алергиско заболување од најрана возраст, а тоа е атопискиот дерматит кој се манифестира кај доенчиња - бебиња на возраст од 3-4 месеци.

Во истиот тој период се манифестира и алергија на протеин од кравјо млеко. Дали е доено детето или користи адаптирано млеко, доколку има генетска предиспозиција, развива атописки дерматит.

Клинички се манифестира со црвени и рапави образи, може да има такви промени и по телото, пред сè на раце, нозе, а е проследено и со интензивно чешање и вознемиреност.

Со воведување нови вкусови храна, од 6-ти месец може да има појава на осип по тело, лоши столици, повраќање...

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-03.jpg

Симптоми од инхалаторни алергени најчесто се манифестираат со течење на нос, чешање на нос, кивање, кашлица која може да биде поизразена навечер, чешање на очи, кај оние кои подолго траат и несоодветно се третирани да имаат затнат нос, отсуство на мирис, главоболка, немирен сон и компликација од секундарна бактериска инфекција.

Покрај алергиски ринитис и астма како најчеста клиничка манифестација, останати може да бидат уртикарија и најтешката манифестација која е животозагрозувачка, а тоа е анафилактичен шок.

На следната страница разговараме за воведување храна кај бебиња, какви тестови се најдобри за детектирање алергии...



Би можело да ве интересира:

Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg