Жена со ХИВ, во брак со Македонец: „Детето се роди ХИВ негативно, внимателно ја планиравме бременоста“

„Моето дете веќе има 2 и пол години. Беше големо олеснување кога дознавме дека е ХИВ негативно. Тестот се направи 1 месец по раѓањето, а правевме тестови уште 2 пати потоа“, вели 29-годишна жена со ХИВ, која е во брак со Македонец.

zhena-so-hiv-vo-brak-so-makedonec-deteto-se-rodi-hiv-negativno-vnimatelno-ja-planiravme-bremenosta-01.jpg

Жена од Источна Европа, која 4 години живее кај нас и е во брак со Македонец, на свои 16 години дознала дека е ХИВ позитивна. Денес таа има 29 години, а со сопругот се родители на 2,5-годишно дете, кое е родено ХИВ негативно.

Таа не е единствената жена кај нас која, и покрај позитивниот ХИВ статус, имала планирана бременост, а притоа вирусот не е пренесен на бебето.

Според податоците, досега во Македонија со планирана бременост се родени 13 деца од ХИВ позитивни родители, а кои се негативни. Од ова, во 7 случаи мајката е ХИВ позитивна, а во 6 случаи таткото е носител на ХИВ вирусот. 

Со навремено откриен ХИВ позитивен статус, лицата веднаш се поставуваат на терапија и за многу брзо време се постигнува недетектибилно ниво на вирус, односно вирусот е непренослив и при незаштитени сексуални односи, но со тоа е непренослив и на бебето.

Во интервју за CRNOBELO.com, оваа млада жена (идентитетот е познат на редакцијата) ни раскажа за здравствените предизвици со кои се соочува, реакцијата на сопругот кога дознал за нејзиниот ХИВ позитивен статус, но и поддршката што ја добила кога таа и сопругот решиле да станат родители.

Прочитајте го интервјуто во продолжение:

Кога дознавте дека сте ХИВ позитивна и како се заразивте?

Имав 16 години кога открив дека сум ХИВ позитивна, а се заразив најверојатно преку незаштитен сексуален однос.

Се сеќавате ли на моментот кога ви кажаа дека сте ХИВ позитивна? Какво беше првото чувство?

Првата реакција ми беше шок. Но, со текот на времето го прифатив тоа и почнав самата да си создавам позитивен животен став.

Кои беа најголемите стравови со кои се соочивте во првиот момент? Дали тие се намалија со текот на времето или се и сега присутни?

Првичните стравови се однесуваа на стигматизацијата од општеството и фактот што можеби нема да имам поддршка.

Овие стравови се намалија со текот на времето.

Но, сметам дека и денес постои потреба за едукација на луѓето за да се намалат стереотипите.

zhena-so-hiv-vo-brak-so-makedonec-deteto-se-rodi-hiv-negativno-vnimatelno-ja-planiravme-bremenosta-03_copy.jpg

Колку долго примате терапија? Дали живеете „нормален“, квалитетен живот и покрај вирусот или имате стравови поради кои се лишувате од некои задоволства?

Во моментов примам терапија со лекот „Евиплера“. Потребно е да земам по една таблетка секој ден во исто време за време на оброк.

Лекот го земам навечер, со вечерата, а имам и поставено потсетник на телефонот за да не заборавам. Ова апсолутно не ми пречи во животот и не ми предизвикува никаков напор.

Инаку, ризикот по живот е сведен на минимум со терапијата, но сепак внимавам на здравјето и имунитетот.

Терапијата ја почнав уште во мојата родна земја и бев долго време недетектибилна, уште пред да го запознаам сопругот и да почнеме да ја планираме бременоста.

Кога му кажавте на сопругот дека сте ХИВ позитивна и дали тоа, на некој начин, влијаеше на вашата врска?

Јас веќе бев ХИВ позитивна кога го запознав мојот сопруг. За ова му кажав еден месец по почетокот на нашата врска.

Првично тој беше шокиран, но откако истражи на интернет и најде информации, го прифати мојот статус и ме поддржа.

Ова не влијаеше негативно на нашата врска, напротив, неговото разбирање ми е голема поддршка.

Дали, пак, тоа што знаевте дека сте ХИВ позитивна влијаеше на вашата одлука да станете мајка?

Тоа што имам ХИВ не влијаеше на мојата одлука за мајчинство.

Иако имав различни предизвици и грижи поради ХИВ статусот, медицинскиот тим и мојот сопруг ми беа голема поддршка. Имав редовни консултации со нив, но и поддршка од блиските.

zhena-so-hiv-vo-brak-so-makedonec-deteto-se-rodi-hiv-negativno-vnimatelno-ja-planiravme-bremenosta-02_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Николина е акушерка во Германија: „Има жени што каснуваат од плацентата, родилките не треба да внима... „Летните, жешки денови, за трудниците имаат негативно влијание врз телесната хид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg