„Сѐ уште има многу родители кои веруваат дека 'ќотекот е излезен од рајот'”– Интервју со Елена Граматикова, едукатор за родители

Дали сте запознаени колку овој тип на дисциплина се применува во образовните установи кај нас? Кои се долгорочни придобивки од користењето техники за позитивна дисциплина во образовните услови?

Позитивната дисциплина подразбира насочување, учење, подготвување, обучување, градење вештини и фокусирање на решенија.

Начелата на позитивна дисциплина им помагаат на родителите и на децата да се чувствувате поттикнати и охрабрени преку неказнувачки методи со кои се учат важни социо-емоционални и животни вештини.

Детето учи како да решава проблеми, а со тоа гради оптимизам и позитивен поглед кон светот. И детето и родителот учат дека „грешките се можност за учење, а не нешто заради кое треба да патиме“ и со тоа не се плашат да пробаат повторно и да станат подобри.

Запознаена сум дека УНИЦЕФ имаа спроведено едукација за позитивна дисциплина во градинки и училишта, но не знам во колкав опсег и дали воопшто оваа едукација се практикува.

sе-ushte-ima-mnogu-roditeli-koi-veruvaat-deka-kjotekot-e-izlezen-od-rajot-intervju-so-elena-gramatikova-edukator-za-roditeli-01_copy.jpg

Каков совет имате за родителите кои можеби се чувствуваат преоптоварени или несигурни во спроведувањето методи на позитивна дисциплина дома?

Сите ние како родители на моменти сме преоптоварени со многу ситуации и многу обврски.

Мојот совет за сите родители е да не се трудат да бидат совршени, да не губат енергија, време и сон во каење доколку згрешат пред себе како родител и пред детето. Сите грешиме и ќе грешиме.

Најважно е да се трудиме да бидеме подобри за нашите деца и да учиме од грешките, а не да ги повторуваме.

Кога ја креирав „Прегратка“, целта ми беше тоа да биде безбедно катче за сите родители, место каде што може секој да ми пише и да се чувствува прифатено бидејќи на сите нас ни треба заедница и поддршка.

Животот е полн со предизвици.

sе-ushte-ima-mnogu-roditeli-koi-veruvaat-deka-kjotekot-e-izlezen-od-rajot-intervju-so-elena-gramatikova-edukator-za-roditeli-06.jpg

Како им помагате на родителите да ја разберат разликата помеѓу казната и дисциплината и зошто позитивната дисциплина е поефективен пристап?

Нашиот курс за позитивна дисциплина се издвојува од останатите работилници затоа што работиме искуствено, преку вежби.

Родителите буквално на часовите ја гледаат разликата помеѓу казната и позитивната дисциплина. Кога прашавме „што најмногу ви се допадна на курсот?“, одговорот беше едногласно „искуствениот ролплеј и интерактивноста“.

Токму на овој начин влегуваме во чевлите на детето и буквално може да ја почувствуваме силата на зборовите и техниките на воспитување кои ги користиме, а и оние кои се учат на курсот.

Мозокот најдобро памти кога емоциите се вклучени во процесот на учење.

Би рекла, незаменлив начин на будење на свесност и учење за секој родител.

Со какви проблеми најчесто ви пристапуваат родителите?

Најчесто станува збор за ривалство помеѓу две деца, адаптација на првото дете на нов член во семејството, ескпресија на лутина преку клоцање, тепање и фрлање.

Кога би сумирала, би рекла дека најчесто станува збор за поставување граници.

Токму затоа, моментално спремам два нови курса, од кои едниот е за креирање соработка помеѓу две деца и прифаќање на љубомората како нормална емоција која не мора да биде искажана на негативен начин кон братчето или сестричката.

Наскоро ќе објавам информации за овој вебинар кој ќе биде поделен во две предавања и една бесплатна работилница за прашања и одговори.

Вториот курс ќе биде пасивен и ќе биде посветен на емоционална интелигенција и поставување граници преку прифаќање на емоциите. Ова ќе може да го видат родителите во текот на летниот период.

sе-ushte-ima-mnogu-roditeli-koi-veruvaat-deka-kjotekot-e-izlezen-od-rajot-intervju-so-elena-gramatikova-edukator-za-roditeli-07.jpg

Раскажете ни малку повеќе за курсот за родителување со позитивна дисциплина.

„Родителување со позитивна дисциплина“ е курс кој го работиме заедно со д-р Соња Китановска-Кимовска, која е сертифициран едукатор за родители според методот на позитивна дисциплина, основач на здружението за едукација на родители „Родители од акција“ и автор на книгата „Разбуди го родителот во себе: како родителството да стане уживање“.

Работиме според сертифицирана програма на Асоцијацијата за позитивна дисциплина. Курсот е дизајниран според сертифицирана програма создадена од Џејн Нелсен, авторка и креаторка на методот позитивна дисциплина.

Секоја работилница е интерактивна и се основа на искуствено учење кое е докажано најефикасен метод на учење и помнење.

Почнуваме на 12 март 2024, во форма на онлајн работилници во живо, еднаш неделно, во траење од 6 недели.

Станува збор за сеопфатен курс преку кој работиме на сите родителски тешкотии, како поставување на одржливи граници, воспоставување на поцврста врска со детето, разбирање на детето и неговата перспектива, развој на емоционалната интелигенција кај детето, поставување рутини, справување со инаетливо дете, справување со гнев, премногу време пред екран и многу други ситуации и, најважно, како да му овозможиме на детето подобра стартна позиција.

Работиме во мали групи, околу 10 родители заедно со нивните партнери (доколку се во можност да се вклучат). Целта е интимна атмосфера во која се работи со реални ситуации и решавање на реални проблеми.

Пријавувањето за групата која започнува овој месец е веќе во тек. Сите заинтересирани може да се пријават ТУКА

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg