Анита (28) од Берово го победи туморот и сега е бремена: „Докторите ми предвидоа 8% шанси за живот“

Дали сега си целосно излекувана и закрепната? Од кога?

Благодарение на добрата медицина, целата медицинска апаратура, како и функционалноста на системот во Швајцарија, јас сум целосно закрепната и излекувана, веќе цела година од последната хемотерапија.

Но вербата во Господ и божјиот благослов ми беше најголема.

anita-28-od-berovo-go-pobedi-tumorot-i-sega-e-bremena-doktorite-mi-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-02.jpg

Правиш ли нешто поразлично откако ја доби дијагнозата? Го промени ли начинот на живот и како?

После дијагнозата имам многу поголема самодоверба, не се нервирам за ситни работи како пред тоа, го оставам животот да тече како што јас сакам, не дозволувам ништо да ми пречи во среќата и во плановите кои ги имам.

Се посветувам на самата себе и на тие што ги сакам и ценам. И морам да нагласам дека водам многу поздрав живот во врска со исхраната, мислам дека тоа е клучно за доброто здравје.

Што беше тоа што те одржуваше во живот за целиот тој период, како го задржа духот и енергијата?

Можеби за некој тоа нема да звучи вистински, но единствена цел за која се борев да оздравам е еден ден да се остварам како мајка, бидејќи со сопругот, загубата на првото дете ја поднесовме многу тешко.

Сакав и ние двајцата да бидеме среќни и со полни раце како многу други фамилии.

anita-28-od-berovo-go-pobedi-tumorot-i-sega-e-bremena-doktorite-mi-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-05.jpg

Кога и како дозна дека си бремена? Дали забремени по природен пат и колку време по дијагнозата/излекувањето?

Бременоста не беше воопшто очекувана, тоа беше најголемото изненадување за нас.

Сè се случи спонтано и не ми се веруваше дека за само 10 месеци откако ја победив болеста, останав трудна по природен пат.

Како што сите убави вести ги добивав на убави празници, така и веста за бременоста ја добив ден пред Божиќ.

anita-28-od-berovo-go-pobedi-tumorot-i-sega-e-bremena-doktorite-mi-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-10.jpg

Дали имаше нешто што требаше да го направиш за да останеш бремена по болеста? Беше ли тоа во договор со лекар?

После хемотерапијата од намален имунитет добив HPV вирус со цин 2, но со мал хируршки зафат сето тоа се отстрани и сега сè е во ред.

Кој месец си и како се одвива бременоста? Како се чувствуваш? Треба ли на нешто посебно да внимаваш?

Веќе сум во петтиот месец од бременоста, се чувствувам многу исполнето и мислам дека досега никогаш не сум била посреќна.

Бременоста е во најдобар ред, единствено што треба да правам е да одам на редовни контроли кај гинеколог и на секои 2 месеци да одам на контрола кај мојот онколог.

Колку те промени како личност болеста, но и тоа што се излекува и успеа да останеш бремена?

Самата болест ме натера да верувам што повеќе во Господ и да се молам, мислам дека ме направи и многу подобра личност, да бидам задоволна и среќна и со мали работи и пред сè да верувам најмногу во самата себе.

anita-28-od-berovo-go-pobedi-tumorot-i-sega-e-bremena-doktorite-mi-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-09.jpg

Примаш ли некаква терапија сега?

Ги примам само витамините за бременоста и бебето, моментално немам потреба од никаква друга терапија и за време на бременоста, а и после тоа.

Повторно да кажам фала ти Боже што излегов победник во оваа тешка битка.

Совет и порака до сите кои минуваат низ слична болест, но и за оние кои мислат дека е невозможно да добијат дете по дијагнозата?

Пред сè никогаш да не се откажувате од себе, од своите желби и амбиции. Волјата за живот, вербата во лекарите, а пред сè вербата во Господ, е посилна од сè.

Господ ги дава најтешките искушенија, на најсилните борци. Добрата мисла и оптимизмот треба да бидат со нас и во најтешките моменти.

Поставете си цел за која ќе се борите и ќе живеете. Во секое невозможно постои и она возможното (со „8%“ шанси да преживеам, сега чекам бебе).

Сè е возможно!

anita-28-od-berovo-go-pobedi-tumorot-i-sega-e-bremena-doktorite-mi-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg