Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“

Тука е и месноста Суитлак. Тоа е место оддалечено 2 километра од центарот на Штип и се наоѓа на околу 500m надморска височина, место каде што ги поминував викендите во нашата викенд куќа заедно со моите најблиски.

Многу среќа и многу радост имам доживеано таму и многу љубов имам добиено од моите нана и дедо.

Импресиите оттаму што ги чувам и денес, ќе ги насочам кон моите деца и ќе ги воспитувам секогаш за викенд да одат таму, со најблискиот круг на фамилијата.

Последна на листата работи што ме потсетуваат на мојот роден Штип се Народниот театар и фестивалот Макфест.

Таму ги направив моите први чекори кон она што сум денес, а тоа е јавниот настап, глумата, сцената, рефлекторите, публиката и аплаузот.

Штип ве сакам и ќе ве сакам. Иако живеам и работам во Скопје, Штип е градот во кој сум роден, градот на моите сакани родители и предци.

miro-kacarov-za-rodniot-grad-starata-charshija-vo-shtip-me-nauchi-na-shkolo-koe-nema-cena-06.jpg

miro-kacarov-za-rodniot-grad-starata-charshija-vo-shtip-me-nauchi-na-shkolo-koe-nema-cena-03.jpg

Повеќе фотографии од Штип:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Вера Мештеровиќ за стилот и убавината: „Одам на масажа двапати неделно, и во зима користам SPF50“ „Долго време не внимавав на исхраната, но ми се појави интолеранција на лактоза,...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg