Кирил од Струмица чува африкански еж: „Ако му е ладно, може да хибернира – па изгледа како мртов“

„Африканскиот еж е многу лесен за чување и не бара многу време. Најважно е еднаш во денот да му се обезбеди чиста вода и храна, и ако има потреба од чистење на неговото живеалиште“- открива за CRNOBELO.com Кирил Штрклев од Струмица, кој дома има повеќе егзотични животни, меѓу кои и еж.

kiril-od-strumica-chuva-afrikanski-ezh-ako-mu-e-ladno-mozhe-da-hibernira-pa-izgleda-kako-mrtov-01.jpg

Струмичанецот Кире Штрклев има само 18 години и годинава го завршил средното образование, но има огромна љубов кон животните и во неговиот дом чува голем број животни, меѓу кои некои се егзотични.

Тој дома има брадест змеј, аквариумски рипки, куче, водени желки, но и африкански ежиња.

Со Кирил разговаравме повеќе за ова негово хоби, за љубовта кон животните, но и за тоа како изгледа и што треба да се прави кога во домот имате еж.

kiril-od-strumica-chuva-afrikanski-ezh-ako-mu-e-ladno-mozhe-da-hibernira-pa-izgleda-kako-mrtov-02.jpg

Кави услови треба да им се обезбедат на овие миленици, со што се прехрануваат, како изгледа грижата за нив?

Кирил одговори на повеќе прашања во рамки на интервју за CRNOBELO.com.

Во продолжение проследете го целиот разговор со него:

Од каде љубовта кон животните и кон егзотичните миленици?

Љубовта кон животните ја имам уште од мал, на само 7 години го добив првиот аквариум со рипчиња, што беше доволно да сфатам дека во мене се крие нешто што досега во нашето семејство никој го немал, а тоа е огромна љубов и посветеност кон животните.

После првиот аквариум, набрзо следуваа и првите папагали, па потоа земав и водни желки од расата Trachemys scripta elegans или позната како црвеноушеста желка.

kiril-od-strumica-chuva-afrikanski-ezh-ako-mu-e-ladno-mozhe-da-hibernira-pa-izgleda-kako-mrtov-03.jpg

Како што растев со животните, така и мојата љубов кон животните растеше, се зголемуваше бројот на моите аквариуми и животни и тие станаа дел од мојот живот.

Денот ми почнува со нив, прво ги хранам, ако има потреба од чистење или слични работи, а потоа уживам со нив преку денот.

Тоа веќе трае околу 10 години, денес јас имам најразлични видови на животни меѓу кои и неколку егзотични, а тие се: разни видови аквариумски рипки, водни желки, африкански гигантски полжави, африкански еж, аксолотли, зајачиња, брадест змеј и нивниот верен чувар кој секаде ме следи - волчјакот Стела.

kiril-od-strumica-chuva-afrikanski-ezh-ako-mu-e-ladno-mozhe-da-hibernira-pa-izgleda-kako-mrtov-04.jpg

Какви миленици се африканските ежиња? Што треба да знаеме за нив пред да почнеме да ги чуваме?

Африканскиот еж (Atelerix albiventris) е многу лесен за чување, не бара некои посебни услови.

Живеат до околу 10 години, но ако не се чува соодветно, животниот век енормно се смалува и едвај ќе достигне и 6 години. Тие растат најмногу до околу 20cm.

Природното живеалиште му е во јужниот дел од Африка, така што пожелно е да не се чува на ладни места.

kiril-od-strumica-chuva-afrikanski-ezh-ako-mu-e-ladno-mozhe-da-hibernira-pa-izgleda-kako-mrtov-05.jpg

Каков простор за живеење треба да им се обезбеди? Што е неопходно за да чуваш ваков миленик?

За да има убави услови за чување на ваков вид еж, мора да се обезбеди аквариум или кафез со должина не помалку од 150 cm и широчина од барем 50cm.

Притоа ако станува збор за кафез направен од жици мора да се запази жиците да не се во вид на скали, бидејќи ежовите се одлични качувачи и лесно ќе избегаат.

Ако е наместен на поладно место пожелно е да има грејач заради тоа што може да падне во хибернација, притоа сопственикот да помисли дека животното умрело.

На местото каде живее мора да има нешто за криење, така се чувствува сигурно и таму ќе спие, активни се преку ноќта, додека поголемиот дел од денот го поминуваат во спиење.

kiril-od-strumica-chuva-afrikanski-ezh-ako-mu-e-ladno-mozhe-da-hibernira-pa-izgleda-kako-mrtov-09.jpg

Каква е нивната исхрана, со што се хранат и скапа ли е храната за набавка?

Нивната храна главно се состои од овошје, зеленчук, дождовни црви, обожаваат храна за мачиња, но, не смее да содржи риба.

Овој вид храна е евтина и лесно достапна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...

Најчитани неделава