Успешни Македонци низ светот: Лорета и Петре Стојановски 45 години имаат свој ресторан во Англија

Во тој период, како што ни појаснуваат, тие биле првите странци што одлучиле да живеат во Литлхемптон, но и да се осмелат да отворат сопствен ресторан.

Но, денес ресторанот „Вардар“ е местото што е посетено како од Македонците од дијаспората, така и од Англичаните од соседните градови на Литлхемптон, но и од Лондон и Брајтон.

uspeshni-makedonci-vo-stranstvo-loreta-i-petre-stojanoski-45-godini-imaat-svoj-restoran-vo-anglija-12.jpg

Кои се омилените специјалитети што се служат во ресторан „Вардар“?

Ја прашавме Лорета за тоа кои се омилените специјалитети што се служат кај нив, а таа ни појасни дека на Англичаните им се допаѓа нивното јагнешко месо, но и мешаната скара, ребрата, колбасите, домашната плескавица…

Во „Вардар“ исто така се служи и традиционалната шопска салата, како и салатата со марула, млад кромид и варено јајце, а гостите често нарачуваат и таратор и макало…

uspeshni-makedonci-vo-stranstvo-loreta-i-petre-stojanoski-45-godini-imaat-svoj-restoran-vo-anglija-20.jpg

Освен традиционалните македонски јадења, на нивното мени има и голем број специјалитети од другите европски кујни.

uspeshni-makedonci-vo-stranstvo-loreta-i-petre-stojanoski-45-godini-imaat-svoj-restoran-vo-anglija-16.jpg

Ресторанот „Вардар“ е семеен бизнис, а со Лорета разговаравме во периодот додека тие напорно работеа на отворање на нов хотел.

„Во ресторанот работиме ние, нашето семејство, но имаме уште 10 вработени, а во хотелот ќе има простор за вработување на многу повеќе лица“ – ни појасни таа.

Ова е местото каде традиционално се организираат прослави и веселби по повод сите поважни македонски празници, а во просториите на „Вардар“ имале чест да ручаат или да вечераат голем број македонски делегации и гости од татковината.

uspeshni-makedonci-vo-stranstvo-loreta-i-petre-stojanoski-45-godini-imaat-svoj-restoran-vo-anglija-13.jpg

Копнежот по татковината

Но, и покрај големиот успех на професионален план, Лорета признава дека копнежот по родната грутка бил толку голем што со Петре во еден период се обиделе и да се вратат во Македонија, купиле куќа во Скопје, но работите не излегле според плановите.

„Брзо ја продадовме куќата во Скопје, и купивме друга куќа во Крани, Претор. Сега секоја година ги носиме внуците на одмор таму.

Сакаме да знаат од каде потекнуваат и од каде им се корените“ – ни нагласува Лорета.

uspeshni-makedonci-vo-stranstvo-loreta-i-petre-stojanoski-45-godini-imaat-svoj-restoran-vo-anglija-07.jpg

Лорета и Петре се пример за истрајност и упорност. Тие се доказ дека со напорна работа и труд може да се остварат сите соништа, иако почетоците не се лесни и најчесто е потребно да се работи деноноќно.

uspeshni-makedonci-vo-stranstvo-loreta-i-petre-stojanoski-45-godini-imaat-svoj-restoran-vo-anglija-18.jpg

Може да се каже дека веќе 45 години тие се вистински амбасадори на македонската кујна, традиција и култура во Англија.

Нивниот ресторан е местото каде што може да се соберат сите Македонци од тамошната дијаспора и да вкусат барем дел од специјалитетите, но и да ја задоволат потребата за нешто автентично македонско, да зборуваат на мајчин јазик, но и да остварат контакти и познанства со другите Македонци, коишто потрагата за „подобро утре“ ги одвела токму во Англија.

uspeshni-makedonci-vo-stranstvo-loreta-i-petre-stojanoski-45-godini-imaat-svoj-restoran-vo-anglija-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...

Најчитани неделава