Ивона Јо за CRNOBELO: „Не сакав никој да знае дека сум во депресија, а многу сакав да ми помогнат“

Разговараше ли со стручно лице на оваа тема? Ако да, кои беа советите што ти ги даде? Дали можеби ти препиша и терапија за полесно да се справиш со ситуацијата?

Не разговарав со стручно лице. Кај мене терапијата во овој случај не можеше да помогне.

Но, ве охрабрувам за разговор со стручно лице - особено доколку се наоѓате првпат во ваква состојба.

Одлучив дека ќе го поминам периодот сама и дека сама ќе најдам начини да се изборам и да се извадам од ситуацијата.

Неколку пати ќе посегнев по телефонот - но нешто ме одбиваше. Јас сум голем верник и имам развиено голема интуиција и поверував на тоа чувство.

Сигурна сум дека многу полесно ќе ми беше да разговарав со стручно лице, но свесно одлучив дека овој пат нема да го направам тоа.

Не се соочувам првпат со оваа состојба и веќе знам што ми одговара и како можам да допрам до себеси.

Не земав никаква терапија во овој период.

Но, сите што го читаат ова и имаат каква било проблематика со која се соочуваат, би им посакала од дно на моето срце да веруваат, да се молат и да разговараат со стручно лице - посебно доколку првпат се наоѓаат во ваква состојба.

ivona-jo-se-boreshe-so-depresija-3-meseci-si-ja-nemav-videno-nasmevkata-ne-sakav-nikoj-da-znae-a-sakav-da-mi-pomognat-08_copy.jpg

Како се чувствуваш денес, дали си подобра, посилна, мотивирана да го надминеш и ова?

Феникс, со еден збор. Така би се опишала сега.

Неколку месеци разлика од состојбата во којашто бев претходниот период.

Застанав, се издигнав, раширив крилја и тргнав кон нови сопствени победи.

Верувам дека со причина дојде целиот изминат период.

Ме научи на кој каде му е местото во мојот живот, ми покажа кои се тригерите кои можат да ми се активираат, ми покажа колку секоја слабост е моја најголема јачина, ми покажа како треба да се борам, ми покажа дека само без откажување и кревање раце од себе можам да се победам самата себеси.

Ова беше состојба пратена за да ме научи за моите слабости - и да ме спреми за претстојниот период кој ќе биде предизвикувачки за мене.

ivona-jo-se-boreshe-so-depresija-3-meseci-si-ja-nemav-videno-nasmevkata-ne-sakav-nikoj-da-znae-a-sakav-da-mi-pomognat-13.jpg

Деновиве секојдневно споделуваш апдејт за претстојната операција за отстранување на вишокот кожа. Дали си подготвена за тоа? Имаш ли стравови и како ги надминуваш?

Да, ме очекува операција за отстранување на вишок кожа од стомакот, рацете и грбот.

И тоа на 21.01.2025. И повеќе од подготвена сум. Ова ми беше желба која со целосна отвореност ја примив како манифестација.

Стравови нормално дека постојат, но воопшто не им ставам фокус.

Фокусирана сум на Ивона која ќе се разбуди и ќе биде повторно најдобрата верзија од себе.

ivona-jo-se-boreshe-so-depresija-3-meseci-si-ja-nemav-videno-nasmevkata-ne-sakav-nikoj-da-znae-a-sakav-da-mi-pomognat-03.jpg

Колку време потоа ќе ти треба за заздравување? Дали се радуваш што наскоро ќе ја видиш новата Ивона во огледало, која ќе блеска во полн сјај?

6 недели минимум седење дома и заздравување на раната и сè она кое ќе се случува на телото претстојниот период.

Резултатите од операцијата се гледаат целосно дури по 3-4 месеци со активно вежбање и практикување здрава храна.

Вишокот кожа што ја имам на мене, ме спречува да ги видам резултатите. Целото тело ми претрпе огромна промена.

Тие симнати килограми предизвикаа вишок кожа која нема како да се отстрани.

И до сега вешто ја криев под облеката, но мислам дека е доста криење за цел живот.

Сакам да живеам слободно и затоа се впуштам во целиот процес кој знам дека ќе биде лесен и протечен за мене.

ivona-jo-se-boreshe-so-depresija-3-meseci-si-ja-nemav-videno-nasmevkata-ne-sakav-nikoj-da-znae-a-sakav-da-mi-pomognat-15.jpg

Која е најпозитивната мисла што си ја кажуваш на себе и што те води?

Keep going baby, I’m with you. (Продолжи напред малечка, јас сум со тебе)

ivona-jo-se-boreshe-so-depresija-3-meseci-si-ja-nemav-videno-nasmevkata-ne-sakav-nikoj-da-znae-a-sakav-da-mi-pomognat-11.jpg

Ти во минатото велеше дека си изложена на булинг преку социјалните мрежи, на коментари и навреди од луѓе кои не те знаат. Дали уште се соочуваш со ова и како се справуваш?

Секоја јавна личност во своето сандаче добива разноразни пораки.

Надворешниот изглед е мета и првото нешто коешто го приметуваат на нас.

Секако дека сè уште добивам такви пораки од време на време, но се намалуваат како што не им давам до знаење дека истите ме повредуваат.

Порано, кога не знаев колку вредам, кога и јас го имав истото мислење за себе кое го добивав во пораките, ме болеше затоа што е многу тешко соочувањето со вистината.

Денес, кога знам колку вредам - им давам и им праќам огромна доза љубов затоа што од немоќ и недостаток ги пишуваат истите пораки и коментари.

ivona-jo-se-boreshe-so-depresija-3-meseci-si-ja-nemav-videno-nasmevkata-ne-sakav-nikoj-da-znae-a-sakav-da-mi-pomognat-14.jpg

На почетокот на 2025-та што ќе си посакаш на себе, и приватно, но и на професионален план?

Драга Ивона, ти благодарам што веруваш во себе. Знам низ што сè помина. Те молам издржи. Сакај се.

Почитувај се себеси и биди оваа година исполнета со љубов кон себе - за да можеш да ги сакаш и ближните и сè она што доаѓа. А доаѓа…

ivona-jo-se-boreshe-so-depresija-3-meseci-si-ja-nemav-videno-nasmevkata-ne-sakav-nikoj-da-znae-a-sakav-da-mi-pomognat-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Наде Молеровиќ (68), инспиративна жена - Била директорка на училиште, сега е пензионер што граба со ...  „На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголе...

Најчитани неделава