Интервју со ветеринарот Ванчо Јосифоски: „Миленик со дијареа не се носи по 3 дена и лекови не се гуглаат на интернет“

„Знам некои сопственици сакаат цело време да имаат чист миленик, но со често бањање кај кучињата ја уништуваме PH на кожата и таа ќе биде понеотпорна на бактерии. Уличните мачки може да се затрујат од антифриз, а домашните од саксиско цвеќе“, вели ветеринарот Ванчо Јосифоски во интервју за CRNOBELO.com.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-01.jpg

Ванчо Јосифоски (38) има дипломирано на Ветеринарниот факултет во Скопје и повеќе од 14 години работи како ветеринар.

Тој е оженет татко на две деца и среќен е дека ја работи својата професија од соништата.

За CRNOBELO.com тој споделува детали од професијата:

За луѓето што се вљубеници во животните изгледа како да ја работиш работата од соништата, дали е навистина така?

Уште како ученик во основно училиште сакав да бидам ветеринар, иако моите сакаа да бидам стоматолог, мене ме привлекуваше работата со животни.

Како и повеќето млади, бев спортист и патот ме однесе да играм во клуб во Битола, каде за моја среќа имаше средно училиште за ветеринари и таму започнав посериозно да навлегувам во проблематиките.

Како средношколец за време на распустите волонтирав во повеќе ветеринарни амбуланти, така што ова навистина испадна работа од соништата.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-11.jpg

Како ти изгледа еден работен ден, по колку миленици згрижуваш дневно?

Во зависност од тоа која смена сум бројот е различен.

Кога сум прва смена, доаѓам порано во амбуланта и проверувам кои хируршки интервенции ни се закажани и се подготвуваме со колегите.

Во втора смена повеќе имаме прегледи, така што во глобала секој ден е различен во зависност од природата на интервенциите, бројот на миленици е различен. Нема некои правила, некогаш има повеќе, некогаш помалку.

Среќни сме кога работата се состои повеќе во превентива, отколку во лекување.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-02.jpg

Како „читаш“ што ги боли, луѓето можат да кажат, но не и животните, колку е тешко дијагностицирањето на состојбите кај нив?

Па, анамнезата најчесто ја добиваме од сопствениците, но и животните интерпретираат симптоми и знаци, кои со тек на прегледот, ни значат како тие самите да зборуваат.

Дијагностицирањето не е секогаш лесно, постојат, исто како и кај луѓето, дијагностички методи и протоколи кои ги следиме и на крај добиваме резултат, некогаш позитивен некогаш негативен, за жал.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-14.jpg

Кои се најсериозни операции/зафати што си ги извел досега?

Нашата амбуланта претежно работи интернистички интервенции, односно хируршки зафати најчесто на абдомен.

Најсериозни операции се оние со неоплазии, односно тумори. Самиот по себе туморот е премногу прокрвавен, односно има многу крвни садови и операциите траат и по неколку часови.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-06_copy.jpg

Како изгледа породувањето кај мачка? Колку мачиња раѓаат најмногу, колку време по породувањето тие се беспомошни?

Породувањето на мачка, како и кај луѓето, има 2 начина - природно, односно по партусен канал, вообичаено мајката тоа го прави без проблем, а некогаш интервенираме со мала помош т.е извлекување на малечките или со царски рез.

Секако, компликации може да се појават и кај двата случаи.

Најчесто раѓаат по 3-4 мачиња, но има случаи кога со царски рез сме извадиле и по 6.

Малите мачиња се беспомошни  првите 2 седмици додека прогледаат, а потоа се вистински ѕверчиња (ха-ха).

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Интервју со Горан Тонев, гитаристот од ДНК: „Благодарен сум на Бога – откако отворив очи тоа ми е гл... „Ми следат уште интервенции и третмани, како за изгорениците, така и за дишните ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Бомбакис за татковството: „Плачев кога се родија ќерките, менувам пелени, но страв ми е да ја бањам ... „Кога моите родители ќе ми речеа 'Ќе видиш и ти како е кога ќе имаш дете' не вер...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Уживам во љубовта со Иван, живееме убав живот“ „Пред некој ден на аеродромот во Сплит го влечев по мене куферот, а во главата м...

Најчитани неделава