Инспиративни мајка и ќерка: Катерина (47) е јога инструкторка, а Цветанка (75) пензиониран ортодонт - чита, плете, шие, медитира
Преминот од интензивен работен животен стил во пензионерски живот е често многу тежок и болен за многу луѓе. Често е проследен со неисполнетост и незадоволство, меланхолија, па дури и депресија. Незнаење како да се исполни слободното време.
Но, нејзе таа промена ѝ донесе повеќе време за духовен живот, за исполнување на нештата за кои немала време да ги прави во работниот век.

Шие, плете, прави превкусни јадења, многу чита, по потреба учи со најмалата внука, вежба редовно јога по своја програма и ритам, секојдневно медитира.

До неодамна и скијаше, следи поткасти за духовен развој, има активен социјален живот.
Во однос на здравиот начин на живот може слободно да напише книга, особено за начинот на исхрана кој најдоследно го следи веќе 30 години. Таа е вегетаријанец, пости редовно и е мајстор во кујната.
Со неколку зборови е голем пример за мене и моето семејство и за многу други луѓе.

Да сме здрави и живи пред сè, продолжуваме со нашиот заеднички проект - обуката за инструктори по јога од 200 часа, во која покрај моето децениско знаење и искуство, нејзината улога ја прави оваа обука да биде уникатна, па можам да кажам без скромност дури во светот и вистинска привилегија за учесниците“.

Повеќе фотографии од Катерина и Цветанка:
Прочитајте и Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело