Инспиративни мајка и ќерка: Катерина (47) е јога инструкторка, а Цветанка (75) пензиониран ортодонт - чита, плете, шие, медитира
- Детали
- сабота, 10 мај 2025
„Мојата мајка е коренот на сè она што сум денес јас. Taa суптилно ме насочуваше на патеките кои сега ги чекорам и живеам. Како врвен ортодонт, сега во пензија, кој си ја сакаше неизмерно својата работа мислев ќе очекува да го продолжам нејзиниот пат, но напротив - ме насочи во друг правец“, вели Катерина Сековска - Анѓеловиќ за својата мајка Цветанка Сековска за CRNOBELO.com.
Катерина Сековска - Анѓеловиќ (47) и Цветанка Сековска (75) од Скопје се мајка и ќерка кои се вистинска инспирација. Како поради успешноста на поле професија, така и поради нивниот близок однос и љубовта која ја чувствуваат една за друга.
Катерина има работено како универзитетски професор, а денес е јога инструкторка.
Нејзината мајка Цветанка е пензиониран доктор ортодонт, но и вљубеничка во јогата, која всушност ѝ ја пренела љубовта кон јогата и на Катерина.
Цветанка шие, плете, многу чита, по потреба учи со најмалата внука, вежба редовно јога по своја програма и ритам, секојдневно медитира. До неодамна и скијала, следи подкасти за духовен развој, има активен социјален живот.
Таа е вегетаријанец, пости редовно и е мајстор во кујната.
Поразговаравме со Катерина за тоа како нејзината мајка ѝ е пример и инспирација во животот:
„Мојата мајка е коренот на сè она што сум денес јас.
Ќе го споменам и татко ми, секако, кој е исто така импозантна фигура во мојот животен пат, но мајка ми е таа која суптилно ме насочуваше на патеките кои сега ги чекорам и живеам.
Како врвен ортодонт (стоматолог кој е специјализиран за дијагностика, превенција и корекција на неправилно поставени заби и вилици) во своето време, сега во пензија, кој си ја сакаше неизмерно својата работа некако очекував дека ќе има нејзина желба да го продолжам нејзиниот пат, но напротив - ме насочи кон изучување на јазиците да станам ’учителка‘ затоа што за неа тоа беше во тоа време најдостојна, лесна и најценета работа за една жена, мајка и сопруга.
Јас, како послушно дете, така и направив.
Станав лингвист, а потоа и магистер по филолошки науки и работев како универзитетски професор.
Понекогаш и на шега ѝ кажувам дека ѝ се лутам, затоа што навистина ме привлекуваше медицината, но веројатно нејзината визија за мене била многу појасна, отколку мојата за себе во тоа време.
Како и да е. Во меѓувреме ме воведе во патот на јогата и духовноста во која заедно истражувавме и откривавме нови и древни знаења, учевме од добри учители, разговаравме, си споделувавме искуства книги и увиди.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





