Инспиративни мајка и ќерка: Катерина (47) е јога инструкторка, а Цветанка (75) пензиониран ортодонт - чита, плете, шие, медитира
Таа многу рано ја осозна потребата и важноста современата жена, мајка, сопруга да си посвети доволно време на својот личен развој и физичкото здравје, и со леснотија да се соочува со сите непријатности кои ги носи периодот на средовечноста и менопаузата...
Па, многу рано започна да се занимава најпрвин со аеробик, а потоа со јога и да стекнува вештини и знаења од личниот и духовниот развој со кои пред сѐ придонесе за поскладни и здрави односи во рамките најпрвин на семејството и работата, а потоа и пошироко во заедницата.
Одевме заедно на фестивали и посетувавме работилници и курсеви. Таа ме воведе во длабочините на вистинските потенцијали на јогата, во јогата на себеспознанието.
Вежбавме, но и се едуциравме, нè привлекуваа истите интереси да разбереме повеќе за оваа драгоцена универзална пракса.
И тој интерес кај мене порасна во желба за споделување на тие знаења, да се оддалечам од мојата примарна вокација и еве ме веќе 13 години го споделувам тоа јогиско знаење со моите ученици.
Нашите патишта во учењето понатаму се разделија, мене ме привлекуваа едни правци, нејзе други, но разговорите продолжуваат до денес.
Јас продолжив да ја истражувам модерната постурална јога и модерните правци, а со мојот сопруг завршивме и школа за психотерапија во Белград.
Таа, пак, продолжи да ги истражува духовно-енергетските техники кои се познати во светот и кај нас. Мислам дека е врвен мастер во тие знаења и многу почитувана и посакувана за дружење од многу луѓе, затоа што разговорите со неа се исцелувачки.
Знам често да ѝ кажам – доста веќе истражуваш, започни да го пренесуваш тоа огромно знаење и искуство што го имаш, многу луѓе ќе имаат бенефит. И за голема среќа тоа и се случи.
Ја поканив да биде предавач по анатомија и физиологија на 200-часовните обуки што ги водам за јога инструктори.
И бидејќи сум следела такви обуки во светот можам најискрено да кажам дека нејзините предавањата се нешто уникатно и драгоцено искуство за инструкторите и се голема привилегија.
И тоа го може само Јогин со 30-годишно искуство и вистински духовник, а по професија медицинско лице.
Да споиш анатомија со искусена духовност е навистина бесценето пренесено знаење.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





