Зои Блаж: „Ми кажаа дека нема да станам мајка поради хормоналниот дисбаланс, но по години неизвесност и солзи - добив ќерка“
Си се обидувала ли со асистирано забременување? Како забремени, дали природно?
Не пробувавме, си кажавме дека најпрво ќе дадеме шанса природно, колку и да е тешко, па ако не се случи, ќе одиме со асистирано забременување.
Направивме повторно испитувања година дена пред да забременам и едноставно никој не слушавме, уживавме...
Најтешко ми беше тоа кога ќе ми речеа не го мисли ќе дојде, но кога навистина почнав тоа да го правам и кога си реков Бог е голем знае кога треба, оставам сè на него - се случи по природен пат.
Кои беа најтешките предизвици со кои се соочи?
Ух, тешко беше не можам да лажам, и многу си патев.
Тадеј беше отсекогаш со ист став дека ќе се случи и беше опуштен, ама јас не.
Постојано ми велеа: „Што чекате ајде кога дете“ и притисокот ми беше најтежок - тоа што никој не се ставаше на мое место и без пардон се дрзнуваа да прашаат: „А правите ли дете?...
Сметам дека тоа е крајно безобразно и приватно за некој да се осмели и да ве праша или да ви пише такво нешто…
Како ja доживеа поддршката од партнерот, семејството или пријателите?
Да не беа они мислам дека немаше да успеам во оваа борба.
Ни еднаш не ми пренесоа негативни мисли, дури и кога бев најскршена.
Поддршката е најбитна.
Како се промени твојата перцепција за мајчинството пред и после?
Искрено не замислував дека е толку убаво, колку и да звучи чудно.
Мене ми е посебно чувството и уживам во секој миг, ништо не ми е тешко да направам за неа во кое било време.
Дали имаше нешто што особено ти помогна – терапија, духовност, пишување, групи за поддршка?
Мене многу ми помогнаа социјалните мрежи, снимањето, зборувањето и споделувањето делови од својот живот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





