Зои Блаж: „Ми кажаа дека нема да станам мајка поради хормоналниот дисбаланс, но по години неизвесност и солзи - добив ќерка“
Како се чувствуваше во моментот кога дозна дека конечно ќе станеш мајка? Што ти значи мајчинството денес, по сè што си помина?
Збунето, среќно и не ми се веруваше дека е тоа реалност веќе, па купив од сите тестови да се уверам.
Мајчинството е дар од Бог е тоа, не може да се опише со зборови.
Какво искуство беше породувањето во Германија? Долови ни ja состојбата од болниците таму?
Ух, два дена траеше породувањето, доста тешко поминав, но вредеше и сè би повторила.
На породувањето имаше бабица која ме породуваше, гинеколог, јас и Тадеј.
Знам кај нас дека е многу поразлично, како и водењето на целата бременост.
Јас пример не се породував на бокс и мене ми беше баш чудно ама и успешно природно породување.
Сакав природно да се породам и успеавме во тоа и многу сум среќна и благодарна.
Јас си изнајмив апартман, сакав да сум сама со Мариа и да може Тадеј да дојде кога сака. Тука бебето е со мајката во соба и сè правиш сам.
Еднаш ми покажаа како се менува пелена, како се дои и како се дига правилно бебето.
Болницата е убава и чиста, имаш достапни сестри 24/7 за какви било прашања.
Имаше и добри ама имаше и многу лоши и безобразни сестри, аи храната не беше баш убава.
Нè задржаа само два дена и дојдовме дома.
Сега секој ден ми доаѓа бабица, ме прегледува и мене и Мариа и ќе доаѓа сè додека имам потреба од неа, достапна ми е 24/7 и тоа ми дава сигурност.
Koja порака би им jа пренела на жените кои сè уште се борат со слична ситуација?
Никогаш да не се откажат колку и да е тешко, Бог дава сè на луѓето што се борат и има зошто е тоа така.
Само трпение – едноставно не дошол денот.
Најважно е да пронајдат соодветен доктор со искуство за нивниот проблем, да го слушаат, да се трпеливи и да веруваат и да се молат на Бог, сè е во негови раце.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





