Љубовната приказна на Љупка Митрова и Георги: „Знаев дека е за мене првиот ден кога го видов како ме чека на снегот во мојата уличка“
- Детали
- петок, 23 мај 2025
„Подготовките за свадбата се при крај. Ќе биде во Солун, а датумот е 25.05.2025. Има премногу 5-ки, а тоа беше и причината за да го избереме како датум“, вели Љупка Митрова, која за CRNOBELO.com ja раскажа љубовната приказна со саканиот Георги.

Љупка Митрова (38) од Струмица, сопственичката на модниот бренд Mitroff, овој викенд ќе му каже ДА на својот избраник Георги.
Тој, пак, е од Скопје, но живее во Солун. А токму таму, во недела, на 25.05 ќе биде нивната свадбена прослава.

Парот е во љубов повеќе од една година, а неодамна, додека беа на патување во вечниот град Рим, Георги ѝ подари на Љупка прстен со жолт дијамант и клекна на колено пред неа.
За нивната љубовна приказна, подготовките за свадбата, но и каков е односот на ќерките на Љупка со нејзиниот сакан Георги, таа откри во разговор за CRNOBELO.com:
Како почна вашата љубовна приказна? Дали се познававте од претходно и кој го направи првиот чекор?
Љубовната приказна започна кога најмалку очекував! Спонтано, преку наша заедничка пријателка Софија, која сега ќе биде и наша кума.
Георги го направи првиот чекор. Почетокот е еден од најмагичните моменти, сè е ново, интересно, забавно, полно со нетрпение до следна средба.
И секоја средба, како минуваше времето, добиваше свое значење и приказна.

Со што те освои Георги?
Ме освои со внимание, трпение, почит, љубов и со чувството дека сум на вистинското место.

Дали веднаш знаеше дека тој е вистинскиот или ти требаше време да сфатиш дека сте создадени еден за друг?
Веднаш знаев дека е за мене, првиот ден кога го видов како ме чека на снегот на уличката во моето маало во Струмица.

Тој те запроси во Рим - колку те изненади? Дали барем малку се посомнева дека испланирал нешто?
Искрено, го очекував прстенот, зашто веќе имавме закажано датум за свадба.
Ама не и дека ќе биде баш тој ден и момент - на случајна улица, со моја омилена мелодија, фотограф, прстен, Рим - градот на вечната љубов, покрај реката Тибар.
Во Рим беше, всушност, нашето прво патување минатата година - сега истиот хотел, истите улици, само со прстен на рака.

