Љубовната приказна на каратистката Моника Стефановска и Илија: „Не сме романтични, но уживаме во исти работи“

„Ме освои со тоа што е сталожен и сигурен во себе, но не монотон. Има мир во него, ама и живот. Ја има таа смисла за хумор што не е наметлива, туку точно на место. Се грижи за себе, изгледа убаво, но уште поважно, знае да се грижи за луѓето околу него...“, вели некогашната каратистка Моника Стефановска (33) за својот сопруг Илија Мартиноски, тениски тренер по професија.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-ne-sme-romantichni-no-uzhivame-vo-isti-raboti-01.jpg

Моника Стефановска (33) со карате се занимавала од свои 6 години. Таа е дипломиран економист на УКИМ, магистер по спортски менаџмент, но изминатиов период е фокусирана на улогите мајка и сопруга.

Taa e во брак со Илија Мартиноски, тениски тренер по професија. Заедно имаат еден син, а го очекуваат и своето второ дете.

Моника ја споделува нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:

Како започна љубовната приказна? Кој го направи првиот чекор? Раскажи ни подетално за вашите почетоци...

Нашата љубовна приказна започна многу спонтано, се запознавме на настан и од самиот почеток комуникацијата ни течеше многу лесно. Сè одеше многу природно.

Разговаравме, се дружевме и додека да трепнам веќе чувствував дека станува збор за нешто посебно.

Сега кога се навраќам на самите почетоци, иако не се сеќавам на сите детали, она што го памтам е пријатното и преубаво чувство во негова близина. 

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-04.jpeg

Со што те освои тој?

Со тоа што е сталожен и сигурен во себе, но не монотон.

Има мир во него, ама и живот. Ја има таа смисла за хумор што не е наметлива, туку точно на место.

Се грижи за себе, изгледа убаво – ама уште поважно, знае да се грижи за луѓето околу него. Баш таа комбинација на зрелост и ведрина ме освои.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-08.jpeg

Дали уште веднаш знаеше дека тој е вистинскиот или со текот на времето сфати дека сте создадени еден за друг?

Од самиот почеток почувствував нешто различно. Нешто што не бара објаснување, туку само го чувствуваш.

Со времето, само се потврди дека интуицијата ми била во право.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-02.jpeg

Раскажи ни некој интересен момент од свадбата? На што се сеќаваш со најголема радост од тој ден?

Нашата свадбена приказна траеше малку подолго - имавме две веселби во рок од една година.

Првата беше веднаш по регистрацијата, некако како вовед во сè што следеше.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-09.jpeg

Си поминавме прекрасно, со нашите најблиски. А втората, една година подоцна, нашето црковно венчавање беше заедно со крштевката на нашето бебе – и тоа беше момент што никогаш нема да го заборавам.

Да славиш љубов и живот во ист ден, со дете во раце и семејство околу тебе, е чувство што не се опишува.

Не беше класична свадба – беше нешто наше, вистинско, исполнето со смисла.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-06.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...
Љубовната приказна на Александар од Богданци и Шер од Кина - се запознале во Берлин, ја запросил во ... „Правевме свадба во родниот град на Шер во Кина, имавме традиционално кинеско зе...

Најчитани неделава