„Најубавата македонска спортистка“ - Каратистката Моника повторно e бремена, во фит издание со трудничко стомаче на плажа
- Детали
- среда, 11 јуни 2025
Моника Стефановска (33) повеќе од две децении се занимаваше со карате. Таа го носеше прекарот една од најубавите спортистки во Македонија, но се повлече од спортот и сега е во среќен брак со тенискиот тренер Илија Мартиноски, со кого го очекува своето второ дете. Нивниот прв син има година и половина.

Моника Стефановска (33) со карате се занимава од свои 6 години. Таа е дипломиран економист на УКИМ, магистер по спортски менаџмент, но изминатиов период е фокусирана на улогите мајка и сопруга.
Сега, со фотки од плажа откри дека очекува второ дете со сопругот Илија Мартиноски, тениски тренер по професија.


Оваа успешна каратистка неретко ја нарекуваа најубава македонска спортистка.

Инаку, парот има син на возраст од година и половина.
На фотографиите со кои ја откри втората бременост, Моника се пошегува дека овие фотки не се спомени од првата бременост и дека се направени сега.
„Not a #throwback, here we grow again #pregnant #beachvibes“, напиша таа.