Моника Црнокрак вторпат на избор за Мис на Европа - Блеска од убавина, татко ѝ Мики голема поддршка (фото)
- Детали
- среда, 04 февруари 2026
Откако во 2023-та ќерката на Светле и Мики Црнокрак ја понесе титулата Мис фотогеничност на изборот Мис на Европа, таа повторно се натпреварува за ласкавата титула за убавина.

Моника Црнокрак, ќерката на најпознатиот моден пар во Македонија, Мики и Светлана, е во Бејрут, Либан, каде што се одржува изборот за Мис на Европа 2026.
Ова не е прво учество на Моника на реномираниот избор.


Младата манекенка, која ја наследила убавината од родителите, и која неодоливо потсетува на својата мајка, во 2023 година исто така беше дел од девојките што се натпреваруваа за блескавата титула.
Тогаш Моника беше избрана за Мис фотогеничност.


Моника се чини ужива во времето поминато во Либан - се дружи со девојките од другите земји, има фотосесии, оди на забави, но и се подготвува за изборот.
Таа постојано објавува фотки на Инстаграм и на нив Моника блеска.


Во Либан е и нејзиниот татко Мики, кој преку модното студио Црнокрак ја има лиценцата за организирање на овој избор кај нас.
Финалето на изборот е закажано за петок, 06 февруари.


Погледнете повеќе фотографии:




