Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис Европа 2026
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фустан во сино-зелена боја, а објави и фотка со татко ѝ Мики Црнокрак, кој ѝ беше голема поддршка на изборот во Либан.

Моника Црнокрак, постарата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак, се закити со титулата 5-та придружничка на изборот за Мис Европа, кој минатиот викенд се одржа во Либан.

Ова е втора титула на Моника на овој избор, откако ја претставуваше Македонија и во 2023-та на истиот, а тогаш ја освои титулата Мис фотогеничност.

Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фустан во сино-зелена боја.

Откако заврши финалето на изборот, Моника објави неколку фотографии, меѓу кои и една со нејзиниот татко, Мики Црнокрак.

Модното студио Црнокрак со години наназад ја има лиценцата за учество на овој избор и секоја година се грижи за девојките кои ја претставуваат земјава на реномираниот избор.

Инаку, победник на изборот е претставничката на Русија.
Погледнете повеќе фотографии:




Прочитајте и Моника Црнокрак вторпат на избор за Мис на Европа - Блеска од убавина, татко ѝ Мики голема поддршка (фото)
А. Ј. | Црнобело
