Инспиративната приказна за Леон (3) од Скопје и неговите дедовци - со едниот спортува, со другиот оди на фризер и чај
Секој дедо ја носи својата јака страна, дедо Кире, спортски дух и топла насмевка, дедо Зоки, мудрост и приказни од светот.
А Леон и Давид растат меѓу најдобрите учители, дедовци кои оставаат траги што ќе ги носат цел живот.


Времето поминато заедно не мора да биде спектакуларно, понекогаш е доволна една прошетка до игралиштето, најдена играчка, изградена куќичка од песок, „без мобилни“.
Затоа што токму овие мали, секојдневни моменти креираат вредности што остануваат за цел живот.
Дедо Зоки го учи внукот на трпение, на истрајност, на чесност, а Леон како негов внук го потсетува на радоста, љубопитноста и новото. Тоа е размена на љубов и знаење, без притисок, без очекувања, само чиста поврзаност исполнета со смеа, разбирање и спомени.

Овие моменти не се само убави, тие ги гледам како градители на карактер, потсетник на корените и патоказ за иднината.
Дедо Кире и Зоки се оние кои што со едноставни зборови пренесуваат животна мудрост, а внукот е оној што со секој поглед и прегратка го прави дедото да се чувствува бесценето.

За крај, сликајте ги сите моменти. Зборувајте. Слушајте. Создавајте традиции. Бидејќи еден ден, токму тие мали активности ќе бидат најголемите богатства, како за внукот, така и за дедото“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
