Христина од Кочани живее во Германија: „Заминав за подобар живот, здравството тука функционира беспрекорно“
Какви се градинките?
Градинките им се целосно опремени соодветно возраста на децата.
Кадарот во градинките е пријателски настроен према нас родителите, барем кај нас, во нашата градинка е така, и можам да кажам дека стварно се грижат за децата.

Какви се локалците? Има ли дружење како кај нас, пријатели со кои можеш во секое време да излезеш на кафе, на ручек?
Германците се малку ладни, како што изгледа од страна.
А со оглед на тоа што неодамна купивме куќа овде и имаме доста обврски, на работа-дома, имаме помал круг на пријатели, но вистински.
Се гледаме повеќе за време на викендите кога сме слободни.

Ве прифатија ли лесно како дојденци или повеќе се дружиш со Балканците?
Сè зависи каков човек си, a ние сме дружељубиви и пријателски настроени и немаме проблем, нè прифатија супер.
Комшиите ни се Германци, комуницираме нормално. Но има доста и нашинци овде - Македонци, Срби, Босанци.
Се вклопивме во средината и после 6 години можам да кажам дека овде се чуствувам како дома.

Каква е локалната храна? Кој е најпознатиот специјалитет? И дали ти е по вкус или не го јадеш?
Германците се народ што ужива повеќе во пиво, а со пивото оди помфрит и некое лепче со колбас во кари сос.
Специјалитет на градот и нешто што потекнува од Вилинген-Швенинген е Шварцвалд салами, т.е чадено месо.
Но мене лично не ми се допаѓа храната на Германците и секогаш се трудам да зготвам нешто од нашата македонска кујна или пак некој рецепт најден од интернет.

Кога ќе ти дојдат гости од Македонија, каде ги шеташ?
Нам искрено гости од Македонија не ни доаѓаат често.
А кога ќе дојдат, одиме секаде каде имаме можност ги шетаме, во зависност од временските услови.
Ние живееме во планинско подрачје на околу 760m н.в и околу нас има доста туристички места, па е супер.
Во зима има ски-центри, во лето преубава живописна природа.

Како го поминуваш слободното време? Дали патуваш често, колкав дел од земјата сте посетиле?
Слободното време го поминувам со фамилијата, пријателите. Излегуваме по молови, шетаме во природа.
Засега имаме посетено само неколку држави во Европа и на Балканот, бидејќи ни се мали децата.
Но, се надевам ќе имаме можност да шетаме повеќе да посетиме уште повеќе држави во светот.

Ти недостига ли Македонија? Колку често се враќаш дома? Што македонско најмногу ти недостига кога не си тука?
Македонија не, ама роднините и пријателите да.
Но решивме животот да го поминеме овде да создаваме и да оставиме на нашите деца и да растат овде за подобра иднина.
Во Македонија не одиме често.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело