Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Евросонг?

Кои ти се најголемите музички успеси? Како се прифатени твоите авторски песни во Австралија и САД?

Тоа е едно патување со спомени и лекции.

Имав два Топ 10 хита во Австралија како текстописец и продуцент, што беше голема чест за мене.

Песната Bad Decisions се појави во филмот After Everything, број 1 на Нетфликс во Америка.

Ова беше огромен момент за мене.

Имам и вирален успех на Спотифај.

Американскиот пазар е огромен и бара време, но сум горд на сè што сум постигнал, и чувствувам дека ова е само почеток.

Исто така, сакам да бидам дел од кариерите на други артисти, не само на мојата.

Ти имаш и свој бренд, Auto Sportivo. За што точно станува збор?

Auto Sportivo е нешто што почнав да го развивам во 2023-та.

Идејата дојде порано, од еден момент со мојот чичко во Македонија - тој седеше во градината со избледена Ferrari капа на главата. Имаше некоја винтиџ кул енергија во тоа.

Уште од дете сум магепсан од Формула 1 - стилот, историјата, наследството.

Auto Sportivo е начин да ги спојам тие елементи на мода и мојата лична приказна.

kade-e-denes-bobi-andonov-momcheto-rodeno-vo-avstralija-koe-ja-pretstavuvashe-makedonija-na-junior-evrosong-06.jpg

Неодамна стана татко. Колкавa е ќерката бебето и какво беше чувството по вашата прва средба?

Тоа беше најубавиот ден во мојот живот. Кога ја држев првиот пат, не можев да престанам да плачам.

Од прв момент тоа е љубов што не може да се опише со зборови.

Сега веќе има два месеца и секој ден со неа е благослов.

Како и каде ја запроси сопругата? Од фотографиите што ги сподели на Инстаграм, можеше да се заклучи дека си ѝ подготвил нешто многу романтично...

Мојата сопруга Жаклин цел живот танцува балет. Секоја година Los Angeles Ballet ја поставува претставата на „Оревокршачка“ за Божик.

Тајно договорив со нејзините родители да ја запросам на сцената по завршувањето на настапот. Тоа беше преубав момент.

Таа е од Америка, но родителите ѝ се од Португалија.

Се познаваме повеќе од 5 години, и од самиот почеток знаевме дека имаме нешто посебно.

kade-e-denes-bobi-andonov-momcheto-rodeno-vo-avstralija-koe-ja-pretstavuvashe-makedonija-na-junior-evrosong-05.jpg

Што правиш во слободно време, што ти е хоби?

Во моментот сум целосно посветен на музиката и на семејниот живот, на сопругата и бебето. Тоа е мојот свет сега.

Инаку, играм тенис кога можам, а во последните 8 месеци тренирам џиу-џицу, што ми помага да се опуштам после долгите работни недели.

За тебе кои се 3 позитивни, а кои се 3 негативни работи поврзани со животот во Лос Анџелес?

Позитивни: креативните можности, сончевото време и опуштената култура.

Негативни: гужвата, бруталниот сообраќај и понекогаш чувството на изолација.

Но, градот врие од амбиција, што знае да биде инспиративно.

kade-e-denes-bobi-andonov-momcheto-rodeno-vo-avstralija-koe-ja-pretstavuvashe-makedonija-na-junior-evrosong-04.jpg

Кога ќе дојдеш следно во Македонија, имаш ли планови?

Се надевам наредната година! Официјално ја искажав мојата желба да ја претставувам Македонија на Евровизија 2026.

Сега чекам одговор од МРТВ дали ќе учествуваат.

Ако да - таму сум. Тоа би била огромна чест за мене.

kade-e-denes-bobi-andonov-momcheto-rodeno-vo-avstralija-koe-ja-pretstavuvashe-makedonija-na-junior-evrosong-09_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Инспиративна жена: Маја Ацески - бизнисменка, мајка на 3 деца и дама со впечатлив моден стил „Кога работиш во светот на текстилот и модата, на ваков или онаков начин, неизбе...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg