Љубовната приказна на Марина Дојчиновска и Горан Алачки: „На првиот состанок дојде да ме земе од дома, како прав господин“
Патуваме често, и на поблиски и на далечни дестинации. Рио, Копакабана и Ипанема, Сао Паоло, Хималаи - Хунза се дел од дестинациите.
Малдиви е нашата последна омилена дестинација, после која одлучивме нашите летни одмори да ги планираме во зима, а летата да ги поминуваме во моето Гари и неговото Владимирово.
И двајцата изградивме куќи во родните места на нашите татковци и двајцата Блажевци и двајцата не се повеќе со нас…
Нашето заедништво со Горан е специфично, можеби заради фактот што започна во зрели години, кога и двајцата точно знаевме што сакаме од животот и од човекот до нас.

Грешките од минатите животи само допринесуваат да знаете да ги препознаете вистинските вредности и внимателно да го негувате заедничкиот живот.
А тој треба да се заснова на чиста и искрена љубов, почит и безусловна доверба, што според мене е најважната категорија за двајца луѓе да се заедно.

Можеби затоа траеме… еве веќе цела деценија!
Прочитајте и На гости кај Марина Дојчиновска: Совршена тераса во село Гари, со поглед сè до Лазарополе (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
