Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“

„Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што израсна во одговорна, вредна, грижлива девојка. Имаше тежок период, а јас многу внимавав со неа по загубата на мајка ѝ. Таа живееше под стрес две години, додека ја водевме битката за Ан“, вели Јулија за CRNOBELO.com и со многу емоции зборува за внуката и починатата ќерка. 

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-01.jpg

Пејачка, новинарка, писателка, сликарка, лајф коуч и мотиватор - вака некако може да се опише Јулија Мациевска, која долги години е дел од македонската сцена.

Но, Јулија, е многу повеќе од тоа - таа е мајка која веќе три години живее без своето чедо, ќерката Андријана која прерано, на 41 година, почина од рак, и баба целосно посветена на внуката Стефанија.

И иако веќе 40 години е на музичката сцена, 12 години со својата насмевка ги разведрува и ги буди духовно гледачите на емисијата „Будење со Јулија“, последниве три години зад нејзината насмевка се кријат и тага и болка.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-09.jpg

„Долга е приказната, трае 3 години, откако замина Ан.

Пишува во книгата што ќе ја промовираме на денот на нејзиниот роденден, 16 септември во Сули Ан - книгата што морав јас да ја завршам, зашто таа не успеа“, вели Јулија за CRNOBELO.com.

Освен преку книгата, Јулија ја слави ќерка си и преку портретот кој го наслика неодамна, а каде Андријана е прикажана со ангелски крилја, ореол и венче на главата, онака како што Јулија ја видела.

Тогаш, вели Јулија, ја слушнала ќерка си како ѝ вели дека е жива.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-02.jpg

За болката со која живее 3 години, внуката Стефанија која ѝ е светлина, но и за книгата и сликата кои ќе ја здогледаат светлината на денот наскоро, Јулија раскажа во интервјуто:

Вашата Андријана засекогаш си замина пред три години, но болката што ја носите не се намалува. Каде наоѓате сила да го поминете денот, што ве води напред?

Каде наоѓам сила? Една година не излегов од дома, контактирав само со неколку луѓе, кои знаеја низ што поминавме и во молитва, дење-ноќе во молитва.

Соочување со болката, во плач и солзи до изнемоштеност, а потоа од тој пад, се раѓаше просветление по просветление.

Знаев дека никој не може да ми помогне, освен јас самата - да го применам сето она знаење од областа на духовноста, за сите овие години на сертификации и семинари, искуства со луѓе, тихување, разговори со Бог, со себе и со мојот Ангел.

Можеби секој не може да го разбере ова што го кажувам, но јас зборувам за моето искуство, свесност, истрајност и желба да го направам она што остана недовршено, додека сум овде на земјата. За кога ќе дојде денот, слободно да заминам кај мојот Ангел.

Се редеа инспирации, од каде доаѓаа, од каде таа сила? Само од Бога.

Кога ја сведочите вистината Бог ви дава сила, ви дава инспирација и кога ви е најтешко да творите.

Јас тоа го правам 3 години, станувам и легнувам со Ан.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-07.jpg

Издадов две книги со наслов „Љубов за сите“, посветени на Ан, пишувани од многу луѓе и нивните доживувања со Ан.

Тука се и мои писанија во вид на поезија и проза. Ја осмислив манифестацијата „Љубов за сите“, која за овие 3 години ја одржав девет пати, низ разни градови во земјата и странство.

Во склоп на манифестацијата се големи ликовни изложби од делата на Андријана, промоција на книгите и пригодна културно уметничка програма.

Ете така го минувам денот, во креација. Ан е мојата креативна сила, а зошто?

Затоа што таа е жива. Душата е вечна, а ако научите да ја слушате сопствената душа, ќе ја слушнете и душата на ближниот од другата страна на преминот.

Секој тоа не може, треба јака волја, висока свесност, вера, понизност, молитва...

Фала и слава на Бога, научив да се потпирам само на Него и тој да управува со мојот живот.

Имам дисциплина и ред за она што ми е примарно, а имам многу работа од физичка до умствена. Има и за тоа во книгата.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-04.jpg

Бевте ли постојано покрај внуката Стефанија по загубата на мајка ѝ? Како си помагавте една со друга да се справите со болката и колку сте блиски?

Стефанија сега има 26 години, по професија е дипломирана актерка.

Се радувам што израсна во таква девојка, одговорна, вредна, грижлива.

Се сложуваме одлично. Имаше тежок период со заминувањето на Ан, но ние трите верувавме во исти работи, и таа верба ја крена и неа.

Јас многу внимавав како со неа по загубата на мајка ѝ. Таа живееше под стрес две години, додека ја водевме битката за Ан, а беше студент на ФДУ, што е многу захтевен факултет.

Но, фала му на Бога, заедно се држиме, се договараме, планираме, се надоплнуваме...

И секако, правиме работи што ги сакаше Андријана или како што би сакала таа сега.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-06_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg