Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“

Знаете ли некогаш да запеете за себе, за душа, во спомен на ќерката? Која ваша песна ѝ беше омилена?

Тешко беше повторно да се запее. Но со помош на луѓето кои веруваат во мене, се вратив на фестивалските сцени, и друг вид на настапи, како манифестации кои се во согласност со моите видувања за музиката во овој период од животот.

Андријана многу сакаше да пеам. Уживаше кога ме слушаше дома на пијаното да отсвирам нешто, иако аматерски и да отпеам.

Но ете, пијаното стои 3 години не отворено. Верувам дека и тоа ќе се случи, да го користам за своја душа, кога ќе дојде време, со Божја милост.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-04_copy.jpg

Најавивте дека во септември ќе правите промоција на книга „Јас сум жива“, но и дека тогаш официјално ќе го претставите ангелскиот портрет на Андријана, кој го насликавте неодамна...

Да, промоцијата на автобиографската книга на Андријана „Јас сум жива“, во издание на „Икона“, ќе се случи на 16 септември во Сули Ан, од 19:30 часот, на нејзиниот роденден. 

Тогаш ќе биде откриен и ангелскиот портрет на Андријана, што го насликав и кој ќе биде насловна корица на книгата.

Овој портрет го работев со голема љубов. Овој портрет знае како течеа моите солзи секогаш кога ќе ја земев четката за да започнам, таму каде што застанав...

Овој портрет знае и со каква радост го завршував и со каква леснотија работев, едноставно како цел живот да сум го правела тоа, а започнав да сликам пред неполна година.

Едноставно, бев водена. Постојано добивав пораки од мојот ангел Андријана, да ги земам нејзините четки и бои и да почнам да го сликам животот во бои.

Но не можев, штом ќе дојдев до нејзините бои, ме совладуваа емоции.

Кога конечно решив, по една нејзина порака, прво што ми дојде на памет беше дека ќе ја насликам неа, онака целовита и здрава, онака како што ја видов во вечноста.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-11.jpg

Кога ми дојде во златна светлина, раскрилена, насмеана и ми рече „Јас сум жива, мама, жива сум“.

Затоа и решив книгата да се вика така. По зборовите од другата страна на преминот, кои Ан ми ги кажа кога првпат ми се појави во таа Божествена светлина, која не се опишува.

Дури ни раката не може да ја наслика таа убавина.

Ова не е наслов за симболика, ниту книга со симболика. Ова е вистина, ова е книга за животот, зашто смрт не постои.

Ова, иако е книга која ќе изнуди многу солзи, многу интимни работи од животот на Ан, од нашите животи, вистината за тоа како се добива канцер, борбата, вербата, всушност е книга за три жени, нивните животи како свето тројство,  разголување на душите за што е потребна голема храброст, за љубовта, пожртвуваноста, падот до дното и издигнувањето како феникс од пепелта.

Шокантна вистина, зошто Ан замина, зошто не успеа да се избори, а веруваше дека канцерот е излечив.

Верувавме трите, но зошто кога си на чекор до победата, ќе се струполиш, ќе дознаете кога ќе ја прочитате книгата.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-10_copy.jpg

Долги години ја водите емисијата „Будење со Јулија“. Дали и понатаму чувствувате предизвик кога ќе застанете пред камерите?

Да веќе 12 години оди во етер мојата авторска емисија „Будење со Јулија“ на ТВ Сонце.

Низ неа поминаа многу гости од земјава и странство со кои ја будев нацијата.

Се радувам што луѓето ја препознаваат по автентичноста, што многумина ми рекле, дека си нашле одговори на многу прашања во животот, што им се сменил животот гледајќи ги моите емисии.

Што бев прва и единствена кога започнав да ги обработувам животните теми од духовен аспект.

Што многу водители почнаа да се интересираат за тој аспект на животот и да внесуваат промени, како и да читаат таква литература.

Целта ја постигнав, разбудив многу души. Сега внесувам и повеќе музика во емисиите, и сè она што го разубавува животот и ги прави луѓето посреќни.

Јас уживам во моите емисии, ги почитувам и ценам моите гости. Работам со многу љубов и тоа сакам да ѝ го пренесам и на публиката.

Ги обожавам камерите, штом се запалат како целиот свет да е пред мене.

И тогаш навистина, убава енергија ме преплавува и мене и етерот, и сè оди спонтано и природно, дури и кога има непредвидливи и непријатни ситуации, затоа што емисијата оди во живо, но искуството си го прави своето.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-08.jpg

За крај, ваш совет за сите родители чии деца се борат со страшна болест или загубиле дете... Што сакавте некој да ви кажеше вам кога вие поминувавте низ истото?

Мој совет - нека ја прочитаат автобиографската книга на Ан, т.е може да се каже наша заедничка, зашто и она што јас го напишав е автобиографско и мое лично искуство.

Таму има сè за тоа како се издигнав од најтешкиот период во мојот живот. Оти нема потешко од тоа мајка да го испрати своето дете.

Оваа книга зборува и за мојот пат, како се кренав и знам дека многумина ќе се препознаат и ќе се кренат, да можат достоинствено да го изодат патот наречен живот.

julija-macievska-za-crnobelo-edna-godina-po-smrtta-na-kjerkata-ne-izlegov-od-doma-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg