Максим Алексов (10) е талентиран фудбалер - игра во Данска, а сонува да биде дел од нашата репрезентација

„Омилено ми е да шутирам слободни, сакам да асистирам, а највеќе мразам кога другите се себични и не ми додаваат. Знам ако изгубам и да плачам од што сум тажен и лут, но го прифаќам поразот и подавам рака на противникот“, вели Максим кој е роден во Скопје, живее и тренира фудбал во Данска.

maksim-aleksov-10-e-talentiran-fudbaler-igra-vo-danska-a-sonuva-da-bide-del-od-nashata-reprezentacija-01.jpg

Максим Алексов (10) е момче со голем талент за фудбал.

Роден е во Скопје и првите години од животот ги поминал во населбата Козле, но потоа семејството се преселило во Данска, во Оденсе.

А таму, заедно со својот татко, Максим ја открил љубовта кон фудбалот, но и талентот за овој спорт.

maksim-aleksov-10-e-talentiran-fudbaler-igra-vo-danska-a-sonuva-da-bide-del-od-nashata-reprezentacija-13.jpg

Максим, се сеќаваш ли на своите први фудбалски тренинзи? Кога го засака фудбалот?

Почетоците ги имав заедно со татко ми, во дворот каде што живеевме. Со тренинзи започнав на 4 години, во фудбалскиот клуб Fraugde, каде ги направив првите чекори како играч.

По 2 години се преселивме со моето семејство во друга населба, а јас се преселив во фудбалскиот клуб KFUM Boldklub каде бев една година, за до денес да бидам во OB Odense академијата.

Фудбалот индирекно го засакав преку татко ми, бидејќи тој нон стоп разговараше за тоа, дома секогаш спортот беше на прво место, па и играњето на Sony, исто така, ми стана забавно.

maksim-aleksov-10-e-talentiran-fudbaler-igra-vo-danska-a-sonuva-da-bide-del-od-nashata-reprezentacija-22.jpg

Какви беа реакциите на тренерите на почетокот?

Првите неколку години од тренирањето имав позитивни коментари од тренерите бидејќи играв на сите позиции одлично.

Единствената замерка или негативен коментар што го добивав беше мојот фокус. Тој фокус и до ден денес е минимално присутен, ама мислам дека за година-две ќе биде целосно заборавен.

Тренерите знаат да ме пофалат и искритикуваат кога е потребно, ама тоа е дел од фудбалот и мојот развој.

Како фудбалер имав различен напредок во развојот низ годините. Некогаш напредував брзо, а некогаш имав и стагнирање во развојот.

Кога првпат застанав во копачки на трева со топката, мислев дека ќе ми треба време да се адаптирам, но сè ми беше убаво, забавно и интересно и така е и до денес.

maksim-aleksov-10-e-talentiran-fudbaler-igra-vo-danska-a-sonuva-da-bide-del-od-nashata-reprezentacija-30.jpg

Кои ти се омилени фудбалери?

Кога имав 6-7 години веќе знаев повеќе за фудбалот, а мој омилен играч беше, ама и сега е Нејмар.

Јас сум голем фан и на Barcelona и ја сакам позицијата лево крило напаѓач и играм тоа.

Инаку, имам и други фудбалери што ги сакам како Меси, Мбапе, Халанд.

Омилено ми е да шутирам слободни или од далеку кога тренирам. Сакам да додавам, да асистирам, а највеќе мразам кога другите се себични и не ми додаваат.

Некогаш знам ако изгубам и да плачам од што сум тажен и лут, но го прифаќам поразот и подавам рака на противникот.

Исто така, повеќе сакам да игра фудбал во маало или на Sony, отколку да ги гледам утакмиците на телевизија.

maksim-aleksov-10-e-talentiran-fudbaler-igra-vo-danska-a-sonuva-da-bide-del-od-nashata-reprezentacija-26_copy.jpg

За тоа не сум голем фан, но секогаш сакам еднаш до двапати месечно да го гледам OB Odense на стадион кога играат дома во Супер лигата на Данска.

Пред 5 години со татко ми бевме на утакмица на репрезентацијата на Македонија со Италија, но бидејќи бев мал не се сеќавам на Арената во Скопје, на големата трибина.

Бидејќи бев мал кога се иселивме од Македонија, не памтам многу, но со моите ги учам вредностите и сакам еден ден да се видам во дресот на Македонија.

Некогаш, кога слушам од татко ми кога зборува за репрезентацијата, се замислувам дека ќе играм за неа.

Веќе имаме разговарано дека ако еден ден ако добијам покана да играм за Данска и Македонија, мојот избор ќе биде Македонија.

Имам и дрес од македонската репрезентација со моето име, како што ме нарекуваат, Макс Јр. и бев пресреќен кога татко ми ми го донесе.

maksim-aleksov-10-e-talentiran-fudbaler-igra-vo-danska-a-sonuva-da-bide-del-od-nashata-reprezentacija-07_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Вера Мештеровиќ за стилот и убавината: „Одам на масажа двапати неделно, и во зима користам SPF50“ „Долго време не внимавав на исхраната, но ми се појави интолеранција на лактоза,...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...

Најчитани неделава