Марија и Борис живеат помеѓу два света, Скопје - Ротердам: Таа е на мастер студии, тој создава музика
Холанѓаните, генерално имаат поинаков пристап од Македонците во однос на воспитувањето на децата.
Тука децата буквално уште од раѓање во количка ги шетаат боси, излегуваат со мокра коса, пливаат во каналите и родителите ги возат со себе на велосипед штом ќе почнат да седнуваат уште како бебиња, што за нас на прв поглед беше малку чудно.
Сето тоа е дел од нивната култура и временските услови, кои често знаат да бидат сурови, па децата ги учат уште од најмала возраст ги учат да бидат поотпорни и самостојни.


Балансот меѓу кариерите и семејството е предизвик и најбитна е поддршката и меѓусебното разбирање.
Јас го поддржувам мојот сопруг во неговите проекти, а тој е мојот најголем поддржувач во сите мои професионални ангажмани. При создавањето на мојот бренд и академија, тој е тука да ме охрабри.
Мојата визија е јасна – Velvet да стане интернационален бренд и академијата да биде препознаена како водечки центар за едукација најпрвин во Македонија, а потоа и на интернационално ниво“.




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
