Спектакуларна свадбена торта од 1.5m, направена во Битола, со 1.000 мали кристалчиња, осветлени со LED сијалички (фото)
- Детали
- четврток, 02 октомври 2025
„Сите детали беа рачно изработени и, што е најважно, целосно јадливи. Меѓу два ката поставивме 1.000 мали кристалчиња, осветлени со LED сијалички, кои блескаа со неверојатен сјај и создадоа магична атмосфера“, вели Наташа Исковска од Битола, која веќе 12 години изработува и декорира торти.

Наташа Исковска од Битола веќе 12 години се занимава со изработка и декорирање на торти и ја води фирмата „MM Sweets Bitola“.

Нејзината торта во форма на замок од 3 метри беше вистинска атракција на Саемот за венчавки во Скопје, а сега таа направи уникатна торта за свадбената церемонија на Јована и Петар во Скопје.

Тортата е висока речиси 1.5 метри, има многу кристали, детали и LED сијалички.
За изработката на оваа торта, Наташа споделува за CRNOBELO.com:
„Оваа прекрасна свадбена торта ја изработивме со голема љубов и посветеност, за да го разубавиме најсреќниот ден на нашата драга клиентка Јована.

Нејзината желба беше да се создаде уникатна торта, составена од неколку различни вкусови, која ќе биде вистинско ремек-дело.

Ние таа замисла успешно ја реализиравме и создадовме нешто навистина посебно.
Тортата беше висока околу 140 сантиметри, а сите детали беа рачно изработени и, што е најважно, целосно јадливи.

Во украсувањето на надворешниот дел користевме повеќе техники.
Двата големи цвета се направени од јадлива хартија, со исклучителна прецизност.

Околу тортата се поставени 200 парчиња вафел-хартија, изработени во бела боја, кои изгледаат како мали пеперутки.
Покрај нив, користевме и околу 200 проѕирни листови, поставени меѓу „пеперутките“, кои дополнително ѝ дадоа богатство и динамика на формата.

