Наташа од Битола прави ремек-дела од торти: „Направивме торта замок од 3 метри - ја подготвувавме 3-4 седмици“

„Замокот е најголемата торта која досега сме ја направиле. Беше премногу тешка и специфична за транспорт. Ја транспортиравме со комбе во неколку делови, па потоа на Саемот за венчавки, каде што беше изложена, ја составувавме скоро 2 часа“, вели Наташа Исковска од Битола, која има магични раце за декорирање на торти.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-01.jpg

Наташа Исковска од Битола веќе 12 години се занимава со декорирање и украсување на торти и ја води фирмата „MM Sweets Bitola“.

Нејзината торта во форма на замок од 3 метри беше вистинска атракција на Саемот за венчавки во Скопје.

За изработката на тортите и конкретно за транспортот и декорирањето на оваа торта, поразговаравме со Наташа.

Наташа за CRNOBELO.com вели:

„Сакам секој детаљ на тортите да биде внимателно изработен до совршенство и доколку не ми се допадне мене јас ниту една торта не ја вадам од нашето слаткарско ателје.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-09.jpg

Најголема награда ми е кога ќе ја однесам тортата и кога ќе ги видам малите детски очи да светнат од радост и среќа – тоа значи дека сме ја погодиле декорацијата.

Или кога им ја носам тортата на некоја свадба и ќе ја видам невестата пресреќна, и од радост дури ме прегрнува.

Мислам дека тоа нема цена.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-02.jpg

Инаку, талентот и дарбата ми се од Бог дарени.

Љубовта кон декорација ми е уште од рана возраст, меѓутоа многу подоцна почнав да се занимавам со оваа работа.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-16.jpg

Откако почнав да работам бев на неколку обуки кај врвни слаткари од Италија и Турција, кои ми помогнаа да ја доусовршам техниката на изработка.

Комплетната декорација, дизајнот и изработката на тортите до совршенство е мој дел.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-06.jpg

Меѓутоа тоа не би го постигнала, секако, доколку и мојот тим не е таков за совршено да си го заврши својот дел од работата и да ја доведат самата торта во перфектен изглед за фазата на декорација.

Дел од тимот пече, дел става фил на тортите и сето тоа со големо внимание за јас да можам потоа да декорирам.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-15.jpg

Имаме торти кои се поедноставни за работа, но повеќето се со многу детали, кои бараат доста работа и трпение, а и доста време.

Карактеристично за нас е тоа што ние не користиме никакви адитиви во тортите и филовите се на природна база, баш онака како домашните торти.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-05.jpg

На Саемот за венчавки во Скопје се претставивме со тортата „Замок“.

Замокот е најголемата торта која досега сме ја направиле, за неа беа потребни 3/4 седмици да се изработи и да се направат сите тие детали на неа.

Висока беше скоро 3 метра и премногу тешка и специфична за транспорт.

natasha-od-bitola-pravi-remek-dela-od-torti-napravivme-torta-zamok-od-3-metri-ja-podgotvuvavme-3-4-sedmici-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Спектакуларна свадбена торта од 1.5m, направена во Битола, со 1.000 мали кристалчиња, осветлени со L... „Сите детали беа рачно изработени и, што е најважно, целосно јадливи. Меѓу два к...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро н... „Си буричкав под хаубата на автомобилот, со голема самодоверба, иако не знаев шт...
Слаткар објави нов албум: „Сања не ми пишува текстови, со Калиопи ни оди многу лесно - тоа е некоја ... „На Моша мислам дека му е омилен дуетот со Калиопи, ама па му се свиѓа и ‘Е...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...

Најчитани неделава