Aна Најдовска за растењето деца во Осло: „Тука бабите и дедовците не помагаат, децата ги носите секаде со вас - дури и во теретана“
Со двете деца правевме толку многу активности, што денот ми поминуваше исполнето и убаво, без да помислам дека ми е тешко.

Она што го сакам во Норвешка е што животот е структуриран околу семејната рамнотежа, а татковците се навикнати подеднакво да ја делат одговорноста со мајките.

Мојот сопруг многу ми помага, дури и кога има тренинзи рано наутро.

Секогаш станува во 4 часот за да го преземе Оби после доењето, за јас да можам да спијам непрекинато до 8 часот. Така денот го започнувам одморена.
Кај нас сè се сведува на тимска работа.

А голема поддршка ми е и Оланна. Како постара сестра, таа е навистина прекрасна, помага, ме слуша и со нејзината љубов кон Оби прави сè да биде полесно.

Кога сме сами, таа често ми е вистинска мала асистентка и ми ја олеснува секоја обврска.

Мора да додадам и дека тука имаме баба и дедо, родителите на сопругот, кои живеат во Осло.
Но, начинот на живот со баби и дедовци каков што сме навикнати во Македонија, каде што тие буквално секојдневно се вклучени во грижата за децата, овде не постои.

