Aна Најдовска за растењето деца во Осло: „Тука бабите и дедовците не помагаат, децата ги носите секаде со вас - дури и во теретана“
На пример, Оланна за првпат преспа кај нив, сама без нас, дури оваа година, после шест години.
Никогаш не сме ја почувствувале потребата да ја оставиме, едноставно е природно детето да ги поминува деновите со родителите.

Оланна почна со училиште и е пресреќна. Овде првите три одделенија се само игра, без оценки и тестови.
Повеќе се работи на тоа децата да бидат добри другарчиња, да учат манири и да израснат во добри личности. И тоа многу ми се допаѓа.

Со градинките е малку поинаку, тука родителите одлучуваат кога детето ќе почне.
Ако не го запишете детето веднаш по полна една година, државата ги поддржува семејствата со тоа што ги покрива трошоците за грижа, дали тоа ќе биде дадилка, член на семејството или некој друг, зависи од тебе.

Плус, за секое дете добивате месечен надомест кој многу помага околу основните трошоци.
Ние ја запишавме Оланна во градинка на тригодишна возраст, и мислам дека тоа е совршено време.
До тогаш децата веќе можат да зборуваат и да раскажат како им поминал денот, а најчесто веќе немаат пелени и други навики.

Исто така, според психологијата, децата под три години немаат голема потреба да се дружат со други деца, тие повеќе сакаат да играат сами, додека групната игра предвреме може да создаде повеќе фрустрации и емоционален стрес.
Секако, секое дете е различно, и јас целосно ги разбирам мајките што немаат можност да бидат дома. Но за оние што можат, мислам дека е убаво да се следи ритамот на детето.

Со Оланна, веднаш чувствував дека не е подготвена порано, на игралиште секогаш сакаше да сум до неа.
После три години, одеднаш стана самостојна и ми велеше: „Мамо, ти седи на клупа и гледај ме“.

Со Оби ќе одам по истиот принцип, ако биде подготвен порано, ќе го пуштам во градинка, ако не, ќе почекам.
Убавината на родителството во Норвешка е што имаш можност да го следиш своето дете и неговите потреби, а притоа да се чувствуваш поддржан“.

Прочитајте и Ана Најдовска се породи во Норвешка: „Имаше само бабица, со новороденчето нè префрлија во врвен болнички хотел“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
