Бале Брзи (72) е херојот од Скопски маратон, истрча 42km во македонска народна носија: „Трчам уште од 1970-та“
Но, во тој период на околу 66 години како да не ми беше доволно, па почнав и со планински трки, па истрчав Водно – Матка, релација од 42 километри, а имав планинско трчање и од по 60 километри.

Имам истрчано повеќе од 45 полумаратони, и тоа не само во Македонија, туку и во Ниш и Белград, а си организирам и своја трка „Бале Брзи“, која на 28 мај 2026 година ќе се одржи по 4-ти пат.
Котизација порано беше 100 денари, но сега за скопјани е 200, а ако дојде некој од другите градови, за нив е бесплатно.

Морав да ја зголемам котизацијата затоа што за трката давам многу награди и одев во минус. Давам вино, ракија, лешници, домашни компоти и мармалади.
Лешниците сам ги одгледувам на овоштарник, а мармалади секоја година правам по 150 тегли и си јадам домашен мармалад.

Но, за жал, годинава поради лошите временски услови овошките не успеаја, па направив само 100 тегли од смокви.

На трката давам дури и дрвени медали за победниците. Трката е по кејот на Вардар од мостот Близнаци до некогашен Гранд хотел и назад. Околу 7km за да може да учествува секој. Од планинарски тури во последно време сум бил на Титов Врв, Боговинско Езеро итн.

Јас откако сум во пензија, буквално немам слободно време. Но, кога ќе најдам слободно време тогаш гледам атлетика, одбојка и слушам и пејам народни песни, често и по слави.

Инаку, тренинзите ми се на 3-4 дена, трчам еднаш по околу 20/30 km“.



