Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое помести граници
Нашата заедничка борба и усогласеност направија Александар, познат како Цако, иако роден со Даунов синдром, да израсне во младо, самостојно и способно момче, кое ги руши сите бариери за овој синдром.

Во успешни и среќни пораснаа и другите две деца, кои веќе си формираа и свои семејства.

Во нашите животи отпочна ново поглавје, па јас и Зоки станавме бабаланка или баба Жац и дедоланко или дедо Зочо, на прекрасни три внучиња.
Од ќерката и зетот ги добивме Ангел и Петар, а од снаата и синот Симон. А, кој да знае, можеби таква радост, со венчавка или свој пород, ќе ни приреди и Цако.


Со дедоланко Зочо, оваа година направивме 42 години од денот кога се запознавме.
Догодина, пак, во март месец, ќе направиме 38 години од стапувањето во брак.
Навистина не се тоа малку години. И прекрасно е кога заеднички продолжуваме и во староста.
Стареењето со човек со кој се разбираш и сакаш, со кој во меѓувреме си станал и другар и компањон, е навистина нешто посебно. И секому го посакувам истото.

За тоа, секако не постои рецепт од типот на 100 грама љубов, зачинети со 50 грама слога и 45 грама разбирање, но сепак тоа се вистинските состојки кои треба да се практикуваат и негуваат: љубов, разбирање, слога.
И секако мноооогу разговор и отвореност. И тогаш убавината на заедничкото живеење ќе стане и реалност и среќа и задоволство, а несогласувањата, премрежијата и сите лоши работи и моменти ќе се надминат и ќе се остават далеку зад себе“.
Прочитајте и Снежана Матовска: „На мојот син Цако (32) на 3 месеци му дијагностицираа Даунов синдром, но заврши факултет, вработен е, а имал и љубовни врски“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
