Снежана Матовска: „На мојот син Цако (32) на 3 месеци му дијагностицираа Даунов синдром, но заврши факултет, вработен е, а имал и љубовни врски“

„Мојот сопруг уште дента кога му ја соопштив веста дека нашето бебе има дијагноза Даунов синдром со прашањето „Што ќе правиме сега?“, ми рече „Ќе живееме“. Цако беше бебе како од книгите. На три часа доење, спиење цела ноќ, насмеан, весел, нималку плачлив. Неговото проодување и прозборување беше со многу мало задоцнување во однос на децата со типичен развој...“, вели Снежана Матовска од Скопје, мајка на Александар Матовски Цако (32), кој денес е факултетски образован, успешен и самостоен човек.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-01.jpg

Снежана Матовска од Скопје (60), правник, вработена како секретар на Педагошкиот факултет во Скопје, со сопруг Зоран Матовски (62), економист, невработен и три деца Марија Матовска (35), Александар Матовски (32) и Бојан Матовски (31).

Александар Матовски Цако, e второ дете во семејството Матовски и роден е на 3.2.1991 година како момче со Даунов синдром, но израсна во млад човек за кој не постојат граници и кој постојано реди успеси, благодарение на поддршката и посветеноста на неговото семејство.

Цако има завршено Педагошки факултет, насока предучилишно воспитание, и стекнат назив дипломиран професор по предучилишно воспитание. Тој е вработен во Град Скопје.

Цако е и поранешен каратист со кафеав појас, фотограф, активен танчар во инклузивното танцово студио „Денсерс јунајтед“, 10-та сезона е радиоводител на авторска емисија на Радио МОФ – интернет радио, насловена како „Јас сум Цако“.

Потоа, тој е автор на збирка поезија „Јас сум Цако“, трилогија составена од Бисери (2009-2010), Шарен свет (2011-2012) и Цако (2013-2019), бил дел од говорниците на светската конференција на лица со Даунов синдром, во седиштето на Обединетите нации 2016 г., учесник во многу проекти, конференции, курсеви, работилници, трибини, хуманитарни акции, дел од здруженијата Дневен центар Доза среќа и Трисомија 21 и уште многу активности како средношколец и студент и вработен човек, кои го исполнуваат неговото секојдневно битисување.

Проговоривме со Снежана за дијагнозата Даунов синдром на Цако, а за CRNOBELO.com таа открива:

Кога му беше дијагностициран Даунов синдром на Цако? Дали во текот на бременоста или по породувањето? Што ти мина низ глава, како реагираше?

Сомнеж за постоење на синдром се појави веднаш после породувањето во Гинекологија Чаир, заради продолжена жолтица која не содејствуваше со мојата крвна група и РХ факторот, заради некаква права линија на дланките и некои други знаци кои укажувале на таква можност.

Нè испуштија со дијагноза „Дисморфио“ и нè упатија на Детската клиника, со напомена дека најверојатно 99% не е ништо, но да се направи испитување за секој случај.

Цако имаше три месеци, кога на Детската клиника му беше дијагностициран класичен Даунов синдром.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-24.jpg

Првичната реакција беше шок, особено што бев сама по резултатите од кариотипот и инсистирав да ми биде кажано што се случува и без присуство на мојот сопруг, кој требаше утредента да лета за Сплит, на службен пат, на неколку денови.

По неговото враќање, напишавме листа со прашања и отидовме кај д-р Кочова.

Мојот сопруг уште дента кога му ја соопштив веста со прашањето „Што ќе правиме сега?“, рече „Ќе живееме“, а уште поубеден беше откако докторката ни посочи дека станува збор за синдром кој повлекува одреден застој во развојот, но дека доколку се работи со детето ќе има резултати.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-09.jpg

И така, ние како родители, цврсто решивме да преземеме сè што е во наша моќ за да го поттикнеме развојот на Цако и да извлечеме максимум од него.

Не дека секогаш беше лесно, далеку од тоа, особено што стоеше една голема неизвесност пред нас и не знаевме што всушност нè чека и што ние да очекуваме.

Се плашев делка моите желби се едно, а реалноста друго. Честопати ми поминуваше низ главата прашањето „Зошто нас?“, знаев да сум нерасположена, да заплачам, да почувствувам болка во градите, но сепак одев и чекорев со исправена глава, цврсто решена да направам сè што е во моја моќ.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-23.jpg

Кои беа првите симптоми? Како изгледаше неговиот развој уште од најрана возраст?

Немаше никакви симптоми, со исклучок можеби на неговите коси очиња.

Цако беше бебе како од книгите. На три часа доење, спиење цела ноќ со некој повремен подој, насмеан, весел, нималку плачлив. Неговото проодување и прозборување беше со многу мало задоцнување во однос на децата со типичен развој.

Неговиот целокупен развој, од 6 месеци, па до тргнување во училиште, го следеа д-р Двојаков и психологот Елена, од развојното советувалиште на Бит пазар.

Во целиот тој период референтните вредности постојано му се движеа во рамките на гранична вредност. Такви останаа и понатаму, така што некаде на 17-годишна возраст од Заводот за ментално здравје беше категоризиран како граничен случај, а не како лице со лесна ментална ретардација.

Инаку, Цако од две и пол годишна возраст започна да оди во редовна група, во градинката Росица во Ѓорче Петров, каде беше одлично примен и од кадарот и од другарчињата.

Со логопед започнавме кога имаше околу 5 години, кај Виолета Тортевска. Прекрасна жена и врвен експерт, која за жал повеќе не е меѓу нас.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-21.jpg

Целиов овој период нашето семејство живееше како и секое друго, без да го криеме Цако или да се срамиме од него. Напротив!

Тој беше постојано со нас и со неговата сестра и братот каде и да одевме и што и да правевме. Секаде беше примен со отворени врати и срца и тоа само го надополнуваше нашиот труд и нашите заложби за Цако.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-16.jpg

Како е да се биде мајка на дете со Даунов синдром? Чувствуваат ли луѓето емпатија кон вас?

Да бидеш мајка на дете со Даунов синдром не е ништо поразлично од тоа да си мајка на дете со типичен развој.

Можеби само бара нешто повеќе ангажираност околу детето со Даунов синдром, во правец на негов поттик во развојот. Иако и за ова не сум сигурна, затоа што тоа што сме го работеле и со другите две деца со типичен развој, сме го работеле и со Цако.

Цако бил и каран ако нешто згреши, но и пофалуван ако нешто успее, исто како сестра му и брат му.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-10.jpg

Имаше еден интересен момент кога знаеше да не направи нешто, на пример да ги собере садовите, да избрише прашина или слично, со образложение дека не може затоа што тој е даун.

Во една таква ситуација кога сестра му рече дека сака да одат во кино, одговорив дека не може бидејќи е даун!

Оттогаш не помнам да го искористил таквото оправдување за што било, освен кога се шегува на своја сметка или кога ние го правиме тоа.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-18.jpg

Претпоставувам дека луѓето чувствуваат емпатија и кон мене и кон целото мое семејство, што се покажало многупати во мојот живот.

Веќе напоменав дека вратите на Цако му се отворале ширум насекаде и сè уште му се отвораат, луѓето го пречекувале и го пречекуваат со отворено срце.

Истото важи и за мене. Цело време имам поддршка и од потесното и од поширокото семејство, од роднините, пријателите, колегите од работа. И тоа е навистина преубаво чувство.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ ... „Ликот на Исаура ми фали премногу. Навистина ми е жал што успеав да снимам само ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg